Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Македонија ја потпиша Рамковната конвенција на Советот на Европа за вештачка интелегенција

Вештачката интелигенција мора да му служи на човештвото и таа не смее…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вештачката интелигенција мора да му служи на човештвото и таа не смее да задира во човековите права.  Токму затоа Македонија ја потпиша Рамковната конвенција за вештачка интелегенција на Советот на Европа.  Документот ги надополнува постојните меѓународни стандарди за човекови права, демократија и владеење на правото и има цел да ги пополни сите правни празнини што може да произлезат од брзиот технолошки напредок.

„ Се наоѓаме среде технолошка револуција, поттикната од дигитални технологии, каде што вештачката интелигенција бргу се развива – побргу од демократските заштитни мерки. Вештачката интелигенција веќе го обликува начинот на кој носиме одлуки, институциите и довербата и одговорот не е да покажеме отпор на ова транформација”, изјави Берсе.

Македонија е 46- та земја што се приклучува во договорот. Потпишувањето на договорот овозможува државите да ги приспособат мерките во согласност со своите правни и институционални системи, притоа почитувајќи ги универзалните стандарди.

Реклама

„ Граѓаните ќе имаат поголема заштита на приватноста и личните податоци, како и пристап до ефективни правни лекови доколку нивните права бидат повредени ”, изјави Филков.

Да ги избегнеме ризиците, но, пред сè, да ги искористиме придобивките – за подобри јавни услуги, поефикасно правосудство и посилна демократија, порача Филков. Инаку Конвенцијата беше усвоена од Комитетот на министри на Советот на Европа во мај 2024 година.

Бојана Шурлиновска