Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Македонците и годинава ќе можат да патуваат во ЕУ како досега: системот ЕТИАС е одложен

Системот ЕТИАС кој ќе се применува за влез во земјите од Европската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Системот ЕТИАС кој ќе се применува за влез во земјите од Европската унија, повторно е одложен и ќе стартува на крајот на 2026 година, а целосната примена се очекува во април 2027 година.
Ова е трето одложување на примената на овој систем. Системот првично беше најавен дека ќе се применува од почетокот на 2022 година, а последниот датум беше мај 2025 година.
И македонските граѓани ќе треба да аплицираат за ЕТИАС за влез во земјите членки на ЕУ на краткорочна основа, под 90 дена, за туризам, деловни, транзитни или медицински цели. Според системот ќе треба да се пополни апликација пред да се тргне на пат, а тоа ги вклучува и патниците кои само ќе транзитираат во ЕУ на пат до други дестинации. Секој македонски државјанин кој сака да влезе во ЕУ повеќе од 90 дена или за други цели освен оние дозволени според програмата ЕТИАС ќе треба да аплицира за Шенген виза.