Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Македонците од Албанија со честитки за Илинден: „Завет на достоинство што ги обединува сите Македонци“

Македонското друштво „Илинден“-Тирана, друштвото „Преспа“ и здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија“ упатија честитки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонското друштво „Илинден“-Тирана, друштвото „Преспа“ и здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија“ упатија честитки по повод 2 Август – Илинден, порачувајќи дека празникот претставува завет на достоинство и симбол на единството на Македонците.

-Да го почитуваме и достоинствено да го славиме овој голем ден, посветен на Илинденското востание од 1903 година, како и на славниот Илинден од 1944 година, кога беа поставени темелите на современата македонска државност. Илинден е ден кога со длабока почит се сеќаваме на бројните револуционери и борци кои со својата храброст, пожртвуваност и крв ги испишаа најславните страници од историјата на македонскиот народ, стои во честитката на МД „Илинден“, потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај,  објавувајќи фотографија од излет на Македонците во Тирана во 1937 година.

Честит и вековит Илинден од име на друштвото „Преспа“, организација за заштита на правата на Македонците во Албанија, посакува и неговиот претседател Едмонд Темелко. 

Реклама

-Илинден е огнот во нашите гради, нашата гордост и нашиот вечен корен! Тој е заветот што не обединува сите Македонци, и овде во татковината, и во секој агол на светот. Денес со длабока почит им се поклонуваме на сите херои кои го дадоа својот живот за нашата слобода. Нивната храброст е нашата сила, а нивниот сон е нашата обврска да продолжиме горди и исправени, се наведува меѓу другото во честитката.

Претседателката на здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија“ Елена Симонофски, честитајќи го Денот на двата Илиндена порачува „Каде и да си, чувај го илинденскиот пламен во срцето. Да продолжиме да го негуваме и зачувуваме она што нашите предци го извојуваа со толкава пожртвуваност и љубов кон татковината. За многу години големиот празник. Нека ни е вечна и непокорна Македонија“.

Честитка упати и Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) во која се нагласува дека Илинден е најсветлиот ден во македонската историја и траен симбол на вековната борба за слобода, правда, достоинство и национален опстанок и порака  да го чуваме македонскиот идентитет и да останеме обединети.