Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

„Магијата е во знаењето“ – МОН почнува национална кампања на Светскиот ден на учителите

Министерството за образование и наука денеска, на Светскиот ден на учителите, ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за образование и наука денеска, на Светскиот ден на учителите, ќе почне национална кампања „Магијата е во знаењето“, насочена кон подигање на јавната свест за суштинската важност на знаењето и незаменливата улога на наставниците во општеството.

Кампањата ќе биде отворена со панел-дискусија која од 10 часот ќе се одржи во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во Скопје,  каде што ќе се разговара за институционалниот пристап кон образованието, за статусот на наставниците, нивните предизвици и потреби, како и за начинот на кој општеството ги вреднува нивната посветеност и влијание.

Како што соопшти МОН, настанот ќе го отвори министерката за образование и наука Весна Јаневска, а во дискусијата ќе учествува и претставничката на УНИЦЕФ во Македонија, Лесли Милер, деканката на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, Билјана Камчевска, како и претставници на академската и наставничката заедница.

Реклама

-Во рамки на настанот, Министерството за образование и наука и Сојузот на просветните работници на Македонија ќе ги доделат и признанијата „Просветен работник на годината“ за учебната 2024/2025 година, како чин на јавно признание, но и симбол на поширока заложба за градење општество кое активно ја поддржува и вреднува улогата на воспитувачите, наставниците и стручните соработници, соопшти МОН.