Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

МАЕИ со официјално барање до Парламентот на Албанија: Да се зачува општина Пустец и да се преименува во општина Преспа

Партијата на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), поднесе официјално барање до Специјалната парламентарна комисија за административно-територијална реформа при Собранието на Република Албанија.  Со овој документ, потпишан од претседателот на партијата Васил Стерјовски, како што самиот вели,  јасно се дефинираат црвените линии и клучните барања на македонското национално малцинство во пресрет на најавените […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Партијата на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), поднесе официјално барање до Специјалната парламентарна комисија за административно-територијална реформа при Собранието на Република Албанија. 
 
Со овој документ, потпишан од претседателот на партијата Васил Стерјовски, како што самиот вели,  јасно се дефинираат црвените линии и клучните барања на македонското национално малцинство во пресрет на најавените територијални измени. 
 
МАЕИ децидно бара општина Пустец да остане посебна единица на локалната самоуправа и во рамките на новата реформа да не претрпи никакви територијални измени, односно да не се спојува со други административни единици. 
 
-Ова барање партијата го темели на Уставот на Албанија, меѓународните обврски (Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и Европската повелба за локална самоуправа), како и на членот 16 од албанскиот Закон за заштита на националните малцинства донесен 2017 година, стои во барањето. 
 
Се посочува дека во споменатиот закон стои дека е “Забрането  преземање мерки кои го менуваат составот на населението во единиците на локалната самоуправа каде што живеат лица кои припаѓаат на националните малцинства, со цел ограничување на правата и слободите предвидени со овој закон.” 
 
Општина Пустец е единствената локална единица во Албанија каде што македонското малцинство го сочинува повеќето од населението, поради што нејзиното зачувување е од клучно значење за опстанокот и заштитата на идентитетот.

Второто клучно барање на МАЕИ е општина Пустец да се преименува во Општина Преспа. 
 
Овој предлог, стои во дописот, се заснова на фактот дека Пустец е само едно од деветте села во општината, додека името „Преспа“ поцелосно го претставува историскиот, географскиот, културниот и природниот идентитет на целата област. 
 
Се додава дека терминот „Преспа“ традиционално се користи од локалното население, ужива меѓународно признание, а воедно целиот административен дел се поклопува со Националниот парк „Преспа“ и се нагласува дека преименувањето дополнително би помогнало во промоцијата на регионот како туристичка и еколошка зона со посебни вредности. 
 
„Земајќи го предвид значењето на зачувувањето на идентитетот, претставувањето и правата на македонското национално малцинство во Албанија, бараме овие препораки сериозно да бидат земени предвид при изработката на предлозите за административно-територијалната реформа“, се наведува во официјалниот допис потпишан од Васил Стерјовски лидер на МАЕИ.