Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Мајчиното ментално здравје да се препознае како дел од целокупниот систем

Мајчиното ментално здравје мора да стане дел од јавните политики и да се обезбеди достапна психосоцијална поддршка за секоја жена. Ова беше пораката од конференцијата „Ментално здравје како приоритет: Од препознавање кон достапна поддршка за секоја мајка“, организирана од Здружението ЕСЕ и „Реактор“, со поддршка од француската амбасада. Кристоф Ле Риголер, aмбасадор на Франција, нагласи […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мајчиното ментално здравје мора да стане дел од јавните политики и да се обезбеди достапна психосоцијална поддршка за секоја жена. Ова беше пораката од конференцијата „Ментално здравје како приоритет: Од препознавање кон достапна поддршка за секоја мајка“, организирана од Здружението ЕСЕ и „Реактор“, со поддршка од француската амбасада.

Кристоф Ле Риголер, aмбасадор на Франција, нагласи дека темата е релативно нова и во Франција, но податоците се алармантни. Тој посочи дека проектот има четири цели: анализа на состојбата, пилот-проект со новопородени жени, превентивни работилници и размена на добри практики. 

– Овде не сме дојдени да делиме лекции, туку да зборуваме за перинаталното ментално здравје, кое е релативно нова тема дури и во Франција, особено по објавувањето на еден извештај пред три години. Студијата покажа навистина загрижувачки податоци за постнаталното здравје кај жените, поврзано со голем број случаи на анксиозност, депресија, па дури и самоубиствени нагони – рече Ле Риголер додавајќи дека ваквите проекти се клучни за подигнување на свеста и за охрабрување на институциите да преземат конкретни мерки.

Реклама

Борјан Павловски од ЕСЕ посочи дека преку едукативни активности опфатени се над 110 жени, а кампањата на социјалните медиуми допрела до над 1.000. 

– Се покажа дека жените имаат голема потреба од информации за здраво мајчинство, здрава бременост и унапредување на менталното здравје на локално ниво. За многу од нив ова беше првпат да слушнат информации поврзани со менталното здравје за време на бременоста и по породувањето. Очигледна е потребата повеќе да се зборува за оваа тема бидејќи една од пет жени страда од постпородилна депресија. За жал, менталното здравје сè уште е табу-тема, а жените често се срамат да побараат помош – изјави тој пред настанот.

Павловски додаде дека преку едукации и разговори се разбива стигмата и жените сфаќаат дека не се сами во она што го чувствуваат, што е првиот чекор кон барање стручна поддршка.

Ана Бојчевска-Митревска од „Реактор“ истакна дека перинаталното ментално здравје, иако постојат стратегии и акциски планови, не е препознаено како дел од целокупното здравје. 

– Организирани беа и групи за мајки. Интересот беше огромен – во рок од 24 часа се пријавија 150 жени со деца до една година. Формирани беа две групи, кои одржаа 12 средби со психолози и психотерапевти, каде што се работеше на значајни аспекти од психолошкото здравје во перинаталниот период – изјави Бојчевска-Митревска. 

Според неа, решенијата за перинаталното ментално здравје се едноставни и веќе постојат капацитети, но потребна е подобра организација на ресурсите. 

– Државата и институциите имаат одговорност да обезбедат достапна и финансиски прифатлива психосоцијална поддршка за мајките – нагласи таа.