Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Лукровски: По 10 жени постари од 50 години, месечно ќе добиваат бесплатен преглед за остеопороза во Систина по моето доаѓање на местото градоначалник на Карпош

Сакам да ве поздравам да ви кажам добар ден од нашата најголема…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сакам да ве поздравам да ви кажам добар ден од нашата најголема приватна здравствена установа Аџибадем Систина чии сме гости денеска, јас и мојот тим на заеднички иницијативи со цел да направиме нешто во делот на здравствените прегледи, на превентивата како и третманите, за нашите сограѓани, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Јас сум човек кој веќе 27-28 години е дел на некој начин од здравствениот систем, имавме одличен состанок со менаџментот на болницата и разбирање за нашите заеднички согледувања, со добар дел од тимот на лекари кои се поред мене и работат во оваа болница сум бил долгогодишен соработник и можам да се пофалам дека сме помогнале на стотици пациенти.

Сакаме да дадеме еден нов пристап на соработка на здравствените установи во општината, горд сум што имаме ваков здравствен капацитет со кој се гордееме да речеме и во балкански и во европски рамки. Дојдов со ветување дека ќе направиме се она што треба да биде сервис од наша страна, јак како иден градоначалник да бидам во сервис за уште подобри услови за работа во оваа установа, како пред се за пациентите така и за вработените, но наидов и на една идеа за општествена одговорност на луѓето од институцијата, така да  заеднички договоривме да веќе со моето доаѓање во општината дојдов со предлог да отпочнеме со превентива кај популацијата на жени над 50 годишна возраст и договоривме пакет или ветување дека месечно по 10 жени односно 120 годишно, и ако тоа го преточиме во еден, нели, градоначалнички мандат, 480 жени, госпоѓи ќе добијат преглед во делот на борба против остеопорозата преку Декса скен, мислење и понатамошен третман.

Реклама

Сакам уште еднаш да се заблагодарам за разбирањето на мојата иницијатива, да покажеме еден нов тренд, една нова визија каде треба да се најдат општината и сите оние кои работат во нејзе. Да се заблагодарам на целиот тим на лекари, на менаџерскиот тим на Аџибадем Систина и се надевам дека ќе ја продолжиме и во наредните четири години.

Дојдов со една идеја, со еве едно првично барање за општествена одговорност преку услуга за оваа популација која рековме, на жени од над 50 годишна возраст, меѓутоа еве, збор два ќе каже и професорот Симеонов, тука наидов на уште неколку можности со кои можеме да помогнеме, пред се, на граѓаните.