Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец, најавува Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на општина Карпош од ВМРО-ДПМНЕ, се вели во партиското соопштение од неговата прес-конференција.

Најавуваме целосна дигитализација на Општината за искоренување на корупцијата.

Најскапиот документ не е оној што се плаќа, туку оној што се чека.

Реклама

Оној за кој не знаеш дали воопшто ќе го добиеш.

Во 2025 година, граѓанинот не смее да стои во ред само за печат. Да бара врски, во шалтери, да се додворува да заврши работа.

Општината повеќе  не смее да биде зграда во која влегуваш со нервоза, а излегуваш со даден поткуп.

Таа пракса, драги мои карпошани ќе заврши.

Од првиот ден на моето управување ќе го искоренам чекањето, провизиите и рушветот, преку целосна дигитализација на сите општински процеси.

Општината мора да стане услуга до која ќе стигнеш од еден телефон, во било кое време и од било кое место. Нема повеќе враќање на шалтер, нема повеќе не е ова наша работа.

Јас нема да барам граѓаните да доаѓаат кај мене, туку општината да оди кај нив преку технологијата.

Ќе воведам апликација, каква што има секоја нормална, европска општина преку која ќе можеш со два клика, со матичен број и адреса, да поднесеш барање, да добиеш број и во секое време да го следиш статусот на решавање.

Тоа одамна постои во светот, но кај нас не се воведува од добро познати причини. Затоа што кога има ред нема простор за корупција.

Ќе воспоставам прозорец за брзи услуги преку кој граѓаните веднаш ќе ги добиваат своите документи без зависност од расположението, или волјата на шалтерскиот работник.

Процесот ќе биде автоматизиран и целосно транспарентен.

Мојата цел е едноставна, една апликација за сите општински услуги.

Но дигитализацијата не е само екран и апликации, таа мора да донесе внатрешна дисциплина и одговорност.

Ќе воведам следење на секое барање. Кој службеник го примил, кој го одработил и за колку време го обработил.

Секој што ќе ја заврши работата навреме, или пред дадениот рок ќе биде награден, а оној што ја кочи постапката ќе мора да биде санкциониран.

Граѓанинот и јас ќе добиваме аларм кога предметот стои предолго.

Нема повеќе скриена одговорност.

Се ќе биде видливо, мерливо и транспарентно.

Така функционира реалниот сектор од каде доаѓам.

Така ќе функционира и општина Карпош.

За оние што немаат пристап до технологија, ќе воведам дигитални советници во општината. Обучени лица што ќе им помогнат на граѓаните да ги поднесат граѓаните. Никој нема да биде исклучен.

Мојата визија е Карпош да остане општина без изговори и без поткуп. Кога граѓанинот ќе може да реши проблем со два клика, тогаш ќе знаеме дека живееме во модерна општина, со чесна управа.

Дигитализацијата не е само технологија, таа е почит кон времето, достоинството и довербата на секој карпошанец.

И верувајте, така ќе биде.