Реклама

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Македонија

Локвенец не се откажува од платата во време на борба со коронавирусот – „Кој ќе ми ги храни децата“ ?

Ќе го следи ли Македонија примерот на држави од соседството каде се…

Сподели:

Ќе го следи ли Македонија примерот на држави од соседството каде се носат одлуки за намалување на платите на функционерите и овие средства се пренаменуваат за борба против корона вирусот? Повеќе индивидуални иницијативи веќе се појавија на социјалните мрежи. Граѓаните ги повикуваат функционерите да се откажат од платите и да ги донираат на медицинскиот персонал. Особено се повикуваат пратениците кои во моментов не заседаваат. Собранието е распуштено, а поради новата состојба не можат да се спроведат избори.

Дел од нашите пратеници не се согласуваат со ваквите предлози. Велат дека има друг начин како парламентарците да се стават во функција на државата. Други пак велат дека поддржуваат се што е во рамки на уставот и дека од хуманитарните потези не треба да се прави пи-ар.

– Имам три сина. Ако вие ми ги храните ќе се откажам од платата. Пратениците треба да се состанат и да бидат во функција на државата во вонредна состојба, изјави за Алфа пратеникот Хари Локвенец

Реклама

– Се што е уставно поддржувам. Оној кој помага не треба да се фали со тоа, вели пратеникот Димитар Стевананџија

До сега министерката за финансии Ангеловска се откажа од платата додека на сила се владините перки против ширење корона вирус.

Алфа испрати прашање до владата дали тоа ќе го направат и други министри. Одлуката на Ангеловска била индивидуална

-Одлуката на министерката за финансии е доброволна. Владата до сега нема донесено таков заклучок. Доколку има таква одлука и од другите функционери ќе бидете навремено информирани, одговорија од владата .

Колку за споредба во Албанија платите на пратениците и министрите ќе бидат преполовени. Тое е една од мерките на владиниот кабинет за справување со епидемијата на ковид-19. Мерката ја соопшти премиерот Еди Рама. Претседателот Илир Мета самоволно се откажа од половина од платата.