Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Љупка Ѓоргиева Атанасова назначена за заменик градоначалник на Општина Зрновци

Градоначалникот на Општина Зрновци, Ванчо Митев, ја назначи Љупка Ѓоргиева Атанасова, член…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Зрновци, Ванчо Митев, ја назначи Љупка Ѓоргиева Атанасова, член на Советот на Општина Зрновци, за заменик-градоначалник на Општината.

Како што информира Митев, согласно законските прописи, таа ќе ја извршува функцијата градоначалник во случаи на негова спреченост или отсуство подолго од шест месеци, како и во сите други ситуации утврдени со закон. За времето додека ја извршува функцијата заменик-градоначалник, нејзиниот мандат како член на Советот ќе мирува.

-Уверен сум дека со својата посветеност, одговорност и професионален пристап ќе ја извршува оваа функција во согласност со законските надлежности и во најдобар интерес на граѓаните. Продолжуваме заедно да работиме за развојот на Општина Зрновци, водејќи се од принципите на стручност, одговорност и транспарентност- истакна градоначалникот Ванчо Митев.