Реклама

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Владата ќе ги намали акцизите на горивата

Мицкоски бара одговорност за Гостивар

Уапсени директорката и менаџментот на гостиварски „Комуналец“

Прогласена епидемија во Гостивар

Сина економија – нова шанса за македонскиот бизнис

Магијата на Свети Наум: Место каде што се спојуваат езерскиот мир, природата и вековната традиција

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Македонија

Лимани: Културата е мост што ги поврзува младите и гради доверба во Западен Балкан

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, се обрати на завршната церемонија на проектот „Западно балкански младински културен фонд“, организирана од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), со поддршка на Владата на Сојузна Република Германија. На настанот присуствуваа претставници на институции, дипломатскиот кор, културни работници, граѓански организации и млади од земјите од Западен […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, се обрати на завршната церемонија на проектот „Западно балкански младински културен фонд“, организирана од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), со поддршка на Владата на Сојузна Република Германија.

На настанот присуствуваа претставници на институции, дипломатскиот кор, културни работници, граѓански организации и млади од земјите од Западен Балкан, кои ги презентираа резултатите од тригодишната регионална иницијатива насочена кон зајакнување на младинската културна соработка и меѓусебното разбирање.

Во своето обраќање, министерот Лимани истакна дека проектот претставува доказ дека културата има моќ да ги надмине границите, да ги поврзе луѓето и да создава трајни врски на доверба и почит.

Реклама

„Најголемата вредност на нашиот регион не се разликите, туку способноста тие разлики да ги претвориме во богатство, дијалог и заедничка визија за иднината. Младите од Западен Балкан покажаа дека соработката е посилна од предрасудите, а креативноста погласна од поделбите“, порача Лимани.

Тој нагласи дека поддржаните иницијативи имаат значење кое ги надминува рамките на културната продукција, бидејќи отвораат простор за дијалог, критичко размислување и разбирање на различностите, придонесувајќи кон градење заеднички вредности во регионот.

Министерот потсети дека Министерството за социјална политика, демографија и млади останува посветено на креирање политики што ќе ги охрабруваат младите да бидат активни граѓани, креатори и носители на позитивни општествени промени.

„Вложувањето во младите е најважната инвестиција што едно општество може да ја направи. Нашата цел е младите да бидат препознаени не само како иднина, туку како активна сила која денес ги создава промените“, истакна Лимани.

Тој ја потврди поддршката на Македонија за регионалните младински процеси и иницијативите кои поттикнуваат мобилност, културна размена и заеднички проекти меѓу младите од Западен Балкан.

На крајот од обраќањето, министерот упати благодарност до RYCO, Владата на Сојузна Република Германија, институциите, организациите, уметниците и младите кои придонесоа за успешната реализација на проектот, нагласувајќи дека најголемото достигнување не се реализираните активности, туку создадените пријателства, изградената доверба и заедничката порака дека мирот, дијалогот и соработката немаат алтернатива.