Реклама

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Свет

Лидерите на групата Г7 не успеаја да постигнат амбициозни договори за клучни прашања

Шесте лидери од групата Г7 разговараа за војната помеѓу Русија и Украина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Шесте лидери од групата Г7 разговараа за војната помеѓу Русија и Украина и конфликтот меѓу Израел и Иран, но не успеаја да постигнат големи договори за овие важни прашања. На домаќинот на состанокот – канадскиот премиер Марк Карни, и неговите колеги од Велика Британија, Франција, Германија, Италија и Јапонија, вчера им се придружија украинскиот претседател Володимир Зеленски и генералниот секретар на НАТО Марк Руте.

Лидерите на Г7, без Трамп, се согласија да се обидат заедно да се борат против она што го нарекоа „непазарни политики“ што би можеле да го загрозат глобалниот пристап до критични минерали. Тие исто така ветија дека ќе го ограничат негативното влијание на вештачката интелигенција врз работните места и животната средина, а воедно ќе го искористат нејзиниот потенцијал за „технолошка револуција“.

Немаше консензус за други прашања на самитот, кој требаше да покаже единство за главните глобални прашања. Во отсутство на Трамп, другите шест лидери одржаа проширена седница за Украина. Бидејќи немаше едногласен став, лидерите поединечно се сретнаа со Зеленски за да го уверат во својата поддршка.