Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Лице палело гуми во двор, пожарот се проширил во шумата кај Бигла

Шумски пожар избувна во близина на делчевското село Бигла откако лице палело…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Шумски пожар избувна во близина на делчевското село Бигла откако лице палело гуми во својот двор и изгубило контрола врз огнот, по што пожарот се проширил во блиската борова шума.

Шумски пожар избувна во близина на делчевското село Бигла откако лице палело гуми во својот двор и изгубило контрола врз огнот, по што пожарот се проширил во блиската борова шума.

Како што изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, веднаш по пријавата биле ангажирани сите расположливи сили од Делчево, како и пожарникари и екипи од соседните противпожарни единици.

– Неодговорно лице палело гуми во својот двор во селото Бигла, кое е село од разбиен тип, односно куќите се распоредени на неколку ридови. При тоа, лицето изгубило контрола врз огнот, по што огнот се проширил во блиската шума. Во моментов во Бигла има голем шумски пожар во борова шума. Од страна на градоначалникот веднаш се ангажирани сите расположливи сили од Делчево. На терен се излезени пожарникари, а побарана е помош и од соседните противпожарни единици. Во моментов кон местото на пожарот се упатуваат и три „ер трактори“ од Дирекцијата за заштита и спасување, а веќе е упатен и хеликоптер на полицијата – изјави Ангелов. 

Реклама

Тој дополнува дека се прават максимални напори пожарот да биде ставен под контрола.

– Од страна на градоначалникот е ангажирана тешка механизација, трактори и булдожери, кои треба да направат противпожарни пресеци меѓу пожарот и селото Бигла, за да не дојде до загрозување на куќите – вели Ангелов.

Во меѓувреме, лицето кое го предизвикало пожарот, заедно со еден пожарникар и припадник на ангажираните служби, вдишале поголема количина чад додека се обидувале да го локализираат огнот поради што превентивно се пренесени на лекарски преглед.

Надлежните најавија дека повеќе информации за состојбата со пожарот ќе бидат соопштени во текот на денот по добивањето дополнителни податоци од терен.