Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Левица предлага по автоматизам да им се обновуваат договорите на трудниците

Уште еден немил пример за институционално, ,,законско” и системско насилство врз жена,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уште еден немил пример за институционално, ,,законско” и системско насилство врз жена, обелоденето во очи денот на Кампањата за 16-дневен активизам против родово базирано насилство – трудница го изгубила бебето во 27 г.н. поради доживеан стрес од непродолжен договор за работа, се наведува во соопштението од Левица.

Жена – професионалец, која 14 години инвестирала во знаења, ангажирана во ЈЗУ Општа болница – Струга, добила ,,отказ” со непродолжен договор за работа, штом кажала дека е бремена.

„Оди дома, сега имаш поважна работа. Бремена си“, ова биле зборовите на директорот кон трудницата. Од силен стрес поради непродолжувањето на договорот за работа, таа го изгубила бебето во 27-та гестациска недела, односно во седмиот месец од бременоста.

Реклама

Трудница останува без работа, а според наши извори, заменета е со нова вработена, ,,црпната” директно од Штабот на ДПМНЕ. И покрај тоа што Комисијата за дискриминација утврдила најтежок вид на дискриминација, системот не ја штити жената која го изгуби своето бебе.

Поради тоа, АФЖ – Левица укажува дека т.н. ,,договори на дело” и договорите на определено време кај младите жени, во пракса претставуваат несигурност и истите тие договори се злоупотребуваат, така што државата ги остава жените – работнички на ,,милост и немилост” на работодавачите.

Поради сите овие ужасни работни судбини на жени во бременост, на жени на боледување, жени пред пензија, со кои секојдневно се соочуваме, Левица ќе поднесе законски измени во дел од кои ќе се предложи следново: ,,доколку станува збор за трудница, по автоматизам се обновува договорот за вработување, сè додека има право да ги користи правата кои се стекнуваат со бременоста” (парафразираме).

Поради конкретниот случај, ги повикуваме Трудовиот инспекторат и Министерство за економија и труд да постапат ригоризно кон работодавачот, а во заштита на жената – работничка.