Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

Левица: Десетици илјади луѓе ги изгубија работните места, лесно им е на милионерите од Влада

Сведоци сме дека секојдневно по стотици работници, па и повеќе се пуштаат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сведоци сме дека секојдневно по стотици работници, па и повеќе се пуштаат дома и остануваат без приходи. Само во угостителството проценките се дека од почетокот на кризата околу 60% од работниците се отпуштени, значи околу 16.000 нови луѓе се без работа! Најголем дел од економските активности се во прекин, а има и најави дека мерките ќе се заоструваат уште повеќе. И додека трае целата оваа ситуација од Владата во соопштение после вчерашната седница на срамен и дрзок начин арогантно наведуваат дека, „некој што останал без работа денес во една фирма можеби после два дена ќе се вработи на друго место, и тоа не е губење работа”, се вели во соопштението од Левица.

Од Левица прашуваме, на кое тоа „друго место” ќе се вработат отпуштените работници кога најголем дел од економијата е во прекин? Сите индиции се дека така и ќе остане во догледно време. Дали од Владата мислат дека народот не разбира што се случува!? Лесно им е на милионерите од Влада да се подсмеваат со маката на обичниот човек. Новопечената милионерка, Министерката за труд и социјалана политика, Мила Царовска, во ситуација кога се случува социјален колапс и би требало најмногу да се фати за работа, таа се изгуби од јавноста и единствено може да ја видиме на сликите од седниците на Владата со телефонот во рака.

Десетици илјади луѓе веќе ги имаат изгубено работните места и тој број во наредниот период само ќе се зголемува. Иако повеќепати Левица гласно бараше мерки за заштита на најсиромашните и работниците, Владата не само што не покажа слух, туку сега и со одвратна надменост го третира обичниот човек како да е глупав. Само за неколку недели во претходниот период, откако трае кризата, Левица процесираше над 50 различни случаи од фирми од кадешто работници останале без работа и сите случаи беа пријавени во Државниот инспекторат за труд и Државниот пазарен Инспекторат, а на дел од овие луѓе и понатаму дирекно им помага преку финансирање на кривични тужби против алчните газди! Ја предупредуваме Владата дека, оваа политика нема да им помине, и ако нешто итно не се превземе, после кризата наместо со избори, може да се соочи со генерален штрајк, бидејќи гневот на работниците штотуку ќе се излевам се вели во соопштението од Левица.