Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Лекарската комора одбележува 34 години постоење, отворено историско катче со медицинска опрема користена меѓу двете светски војни

Со официјално претставување на историско катче кое содржи медицинска апаратура што се користела меѓу двете светски војни денеска Лекарската комора одбележува 34 години постоење.  Медицинската опрема е донација од семејството Србјак, кое е потомок на Ѓорѓи Дудев кој како доктор работел во Прилеп и е еден од првите организатори на здравствениот систем во Македонија.  – […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со официјално претставување на историско катче кое содржи медицинска апаратура што се користела меѓу двете светски војни денеска Лекарската комора одбележува 34 години постоење. 

Медицинската опрема е донација од семејството Србјак, кое е потомок на Ѓорѓи Дудев кој како доктор работел во Прилеп и е еден од првите организатори на здравствениот систем во Македонија. 

– Колегата оставил за себе апаратура која ние со гордост ја прикажавме денес. Ако појдете по музеите во нашата држава, нема да видите ниту еден експонат којшто е поврзан со нашата работа. Убаво е да имаме историско катче, убаво е да го формираме музеј за нашата работа, затоа што докторите во Македонија не се само 34 години наназад, откако е Комората формирана, ние работиме со години наназад и оставаме трага, изјави претседателката на Лекарската комора Калина Гривчева Старделова.

Реклама

Доктор Старделова се надева дека ова ќе биде поттик и за останатите семејства на доктори да донираат ваква опрема која ќе сведочи за едно време и ќе биде доказ дека медицината во земјава не е од вчера. 

Старделова на новинарско прашање вели дека има недостиг на медицински кадар, а причините за тоа ги гледа во иселувањето и во недоволно платената работа. Таа додава и дека нема евиденција и дали дипломираните доктори остануваат во земјава или заминуваат во странство затоа што по дипломирањето и по нивното зачленување во регистарот немаат обврска да даваат информација дали ќе останат или не во државата.