Реклама

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Четврта жртва на Западно-нилска треска: почина 76 годишен пациент од скопско Драчево

Дури 11 пријавени нови случаи на ХИВ-СИДА за само 15 дена од месец јули

По цели седум години, министерот Муцунски ги собира македонските амбасадори во Скопје на консултации

Тревога – Македонија се наоѓа во зона на висок ризик од пожари: И најмало жарче може да предизвика невидена катастрофа

Почнува трката за индекс- тече првиот уписен рок на најголемиот Универзитет во државата „Свети Кирил и Методиј“

Се чека само потписот за да потече гасот: Од септември Македонија станува дел од Вертикалниот гасен коридор

Венко Филипче е во штабот на СДСМ: По 12 дена конечно познато каде е, летниот одмор најстрого чувана тајна

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

Економија

Лекарите советуваат да се внимава по алармот за отровен зеленчук

Има или нема отровен зеленчук на македонските пазари? Агенцијата за храна и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Има или нема отровен зеленчук на македонските пазари? Агенцијата за храна и ветеринарство демантира, но граѓаните се скептични па дома преземаат низа мерки како да го третираат зеленчукот кој што го купуваат.

Пред само 6 месеци, граѓаните испија литри и литри млеко и јогурт пред Агенцијата да повлече повеќе од 20 тони од овие небезбедни производи кои содржеа афлатоксин. Па изгорени на млеко и јогурт, граѓаните сега дуваат и на зеленчук и овошје.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство не ни дадоа одговор  каде во моментов се наоѓа зеленчукот за кој анализите покажале дека има повисоко ниво на пестициди од дозволнеото.

Реклама

Најголемата опозициска партија со документи од направени анализи тврди дека домати, краставици, млад кромид и пиперки со небезбедно количество на пестициди со знаење на надлежните завршиле на македонските пазари. Од нив, наместо деманти, бараат оставки.

Инаку, пестицидите се ксеноестрогени, опасни по човековото здравје и затоа што не се биоразградливи, телото ги складира во масните клетки и истите можат да предизвикаат сериозни последици врз човекото здравје.

  • Број еден секако спаѓа рак на дојката, рак на тестиси, рак на простата, но тука станува ризик и за неплодност, ендометриоза кај жените , ризик за дебелина и дијабетес. Ксеноестрогените претставуваат еден невидлив непријател со кој што нашата борба допрва започнува, вели ендокринологот, Д-р Надица Божиновска.

Советот на докторите е, секогаш да се отстранува кората на овошјето и зеленчукот, доколку не можеме да си обезбедиме или дозволиме органски производи.

Анастасија Илиевска