Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Лефков: Со гласањето на Кривичниот законик се испраќа порака дека борбата против корупција нема алтернатива

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков на денешната прес-конференција истакна дека со денешното…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков на денешната прес-конференција истакна дека со денешното гласање на измените и дополнувањата на Кривичниот законик, Собранието испраќа јасна порака – борбата против корупција нема алтернатива, а правдата мора да биде еднаква за сите.

Потенцира дека ова е јасен доказ дека кога постои политичка волја и почитување на правото и законите, државата може да се движи напред.

Лефков нагласи дека со овој закон се исправува една сериозна неправда направена со измените на Кривичниот законик од септември 2023 година донесена од претходната власт.

Реклама

– Денес, Собранието на Македонија со 76 гласа „за“ го усвои Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик предложен од група пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Со овој закон се исправува една сериозна неправда направена со измените на Кривичниот законик од септември 2023 година донесена од претходната власт со која беа ублажени казните за корупција, беа избришани клучни одредби за злоупотреби во јавните набавки и беа создадени услови за застарување на предмети од висок профил на корупција, рече Лефков.

Тој истакна дека новите законски решенија ја вратија суштината на казнената политика, превенцијата и репресија против  корупцијата и организираниот криминал.

– Ја зајакнуваат надлежноста на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција и постапуваат согласно забелешките содржани во Извештајот на Европската Комисија за 2023 година, како и согласно решението на уставниот суд од 12 февруари 2025 година. Со законот се воведува и ново кривично дело за злоупотреба на интимни снимки и материјали, се зајакнува заштитата од родово-базирано и семејно насилство согласно Истанбулската конвенција, се проширува примената на проширената конфискација и се прави доусогласување  со законит поврзани со проектот „Сејф сити“, рече пратеникот Лефков.