Реклама

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Македонија

Лефков: Сите напади на СДСМ паѓаат во вода, Македонија со најголема финансиска поддршка за Реформската агенда

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков дискутираше за евроинтегративниот пат на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков дискутираше за евроинтегративниот пат на Македонија и посочи дека нападите на опозицијата и на Венко Филипче постепено паѓаат во вода, обвинувајќи ја претходната власт дека со своите политики ја довела државата во ќор-сокак во однос на билатералните прашања и евроинтегративниот процес, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сите напади на опозицијата и на Венко Филипче постепено една по една паѓаат во вода, не може тој истиот лидер на опозицијата кој честитајќи ја владата на нашите соседи од истокот на бугарската влада да ја напаѓа својата влада, тој истиот денеска да подава рака кога едно билатерално прашање немајќи консензус и немајќи разговори стана наш проблем и ќор сокак по којшто за жал сме втурнати заради политиките на СДСМ и оние коишто ја водеа надворешната политика“, рече Лефков.

Лефков истакна дека понудите од страна на опозицијата се лицемерни и дека позициите на Владата во врска со евроинтегративниот пат се аргументирани и поддржани од народот со цел процесот да се води достоинствено и без понижувања.

Реклама

„Лицемерни се овие понуди и навраќање на истата реторика. Патот кон Европската Унија ќе го одиме со реформи, достоинствено без да дозволиме понижување, нема да дозволиме повторно уште еднаш да се доживее уште едно национално понижување, нашите позиции се јасни, се добро аргументирани се поддржани од народот и ние одбиваме уставни измени без гаранции дека тоа ќе биде последната пречка“, рече Лефков и додаде:

„Она што е факт е дека вчера Европската Комисија на Македонија додели 65,7 милиони евра, што е најмногу од сите во регионот, за споредба Србија доби негде околу 15-16 милиони за имплементирање на програми од оваа реформска агенда. Токму истата реформска агенда за којашто Венко Филипче и опозицијата велеше дека не се случува ништо или дека нема никаков напредок.