Реклама

Дипломати и безбедносни експерти алармираат Македонија да го отвори прашањето пред странскиот фактор за роварење на бугарските служби во случајот „Михаилова“

Префрлена нова транша од унгарскиот кредит, досега пласирани 242 милиони евра

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

Македонија

Лефков: Обвинувањата на Филипче за криминал и сомнителни трансфери не се потврдија, депозитите на штедачите се заштитени

Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник на едно гостување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник на едно гостување во телевизиите дискутираше за заштитата на банкарскиот сектор и депозитите на штедачите, како и за обвинувањата поврзани со влезот и работењето на Алта банка во Македонија и посочи дека обидот за ширење банкарска паника е предвиден како кривично дело во новиот Кривичен законик, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во новиот Кривичен законик поради усогласување со европската регулатива постои едно кривично дело коешто оваа материја којашто на нас ни се случи во пракса, ја опфаќа и го криминализира самото дејство со обид за ширење на банкарска паника и Народната банка има за цел како регулатор да го штити банкарскиот сектор и ако имаме несериозни изјави коишто се однесуваат како што беа пласирани во јавноста, тоа се нарекува обид за ширење на банкарска паника“, рече Лефков и додаде:

„Народната банка постапи во насока на заштита на депозитите на штедачите. Ако постојат индикации нека се постапи, нека се истражи зошто не била проверена. Меѓутоа од она што го видовме на надзорната расправа нема трансфери кон Србија, кон Русија, депозитите се заштитени, меѓутоа на оние обвинувања од страна на опозицијата дека бил дозволен влез, ние видовме дека практично во Македонија влегува банка којашто била лиценцирана во Србија и настапувала и на останатите пазари“.

Реклама

На крај Лефков истакна дека обвинувањата на Венко Филипче за наводен криминал и сомнителни трансфери не се потврдиле, а депозитите на штедачите се заштитени.

„Мене ми е многу интересно како започнавте од првиот прес на Венко Филипче за невиден криминал, невидени трансфери на пари, организирана криминална група, за постепено спуштање и пропаѓање на тој наратив, затоа што се виде дека се направи се да се заштитат депозитите, не како во ваше време кога пропаѓаше Еуростандард банка, а министри си ги излекуваа своите средства. Не е коректно, ви паднаа во вода сите тези, она што е добро, да бидат заштитени депозитите на нашите штедачи, да ни биде заштитен банкарскиот сектор и да биде заштитена нашата економија, а овие несериозни обиди на Венко Филипче за пласирање на некаков епски криминал му паднаа во вода“, дециден е Лефков.