Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Македонија

Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како преку модуларните болници да го наполни џебот

За Ислам Абази, обвинителот во заминување, морето од документи, вештачења за модуларната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За Ислам Абази, обвинителот во заминување, морето од документи, вештачења за модуларната болница во Тетово не значеле ништо, не значел ништо ниту фактот што 14 лица живи изгореа во истата болница, се наведува во соопштението од прес-конференцијата на Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Казни добија само поранешните директори на Клиничката болница во Тетово, Флорин Бесими, и Артан Етеми и тоа условни затворски казни, а казнета беше и болницата како правно лице со парична казна.

Но, за мозокот на операцијата модуларни болници, Венко Филипче, обвинителството, замислете вели, не бил виновен. И ова по пет години го кажува обвинителот кој цел мандат им служи само на СДСM и  ДУИ.

Реклама

Да потсетиме, тоа се болници за кои немало надзор, за кои ниту општините, ниту надлежното министерство не издавале одобрение, односно биле поставувани целосно вон правилата од Законот за градење.

Иако здравствената  криза, Филипче во тој момент мислел само на профитот, а не на човечките животи. За  ова говори и фактот што тој склучил и анекс на договор со фирмата која ги поставувала модуларните болници и ја зголемил цената за 20%.

Во ваков контекст и покрај зборот на обвинителот на СДСM и ДУИ, Абази, јавноста треба да знае дека во случај на нови докази постапка за истото дело може да има повторно.

Сега, пак граѓаните треба да слушнат образложение од Абази зошто го штити Фичипче? Исто така и зошто Филипче ја зголемил цената на модуларните, каде завршле овие пари?