Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Лефков: Филипче продолжува со хистеричната серија овој пат за дата центри, за разлика од СДСM, Владата на ВМРО-ДПМНЕ  не прави ништо штетно за граѓаните

Венко Филипче и неговото СДСM координирано од Зоран Заев, и во врска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Венко Филипче и неговото СДСM координирано од Зоран Заев, и во врска со идејата за дата центри, или центри за податоци, во Македонија, покажуваат дека воопшто не мислат за државата, нејзиниот развој што носи придобивки и за граѓаните.

Филипче повторно излезе јавно со низа на критики и сомнежи во врска со евентуална изградба на дата центри во Македонија. 

Едноставно кажано, Филипче и за оваа тема почна да шири невистини, паника или хистерија во јавноста. Наводно дата центрите биле закана за водните ресурси во државава, дека ќе има енормна потрошувачка на струја како да не слушнал за обновливи извори на струја и слично. 

Реклама

И овој пат очигледно Филипче стана нервозен и застана контра дата центрите веројатно затоа што не помина иницијативата во Пехчево на нивниот човек, негов и на Заев, инаку поранешен пратеник од СДСM.

Филипче може да биде мирен кога станува збор за државата и ресурсите во Македонија. Надлежните деновиве јасно кажаа дека се прави се за Македонија да биде модерна, богата современа држава, а притоа да не се наруши ниту околината ниту животот на граѓаните.