Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Ле Риголер: Извештајот од ЕК е охрабрување земјата да продолжи на реформскиот пат

Новиот извештај на ЕК за напредокот на Македонија е вистинско охрабрување за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новиот извештај на ЕК за напредокот на Македонија е вистинско охрабрување за државата да продолжи на патот на реформите. Посебен акцент треба да се стави на зајакнување на владеењето на правото, независното судство и борбата против корупцијата, смета амбасадорот на Франција, Кристоф Ле Риголер.

„Многу е рамнотежен, со многу позитивни елементи и со помалку позитивни елементи. Но исто така претставува охрабрување за да се продолжи на патот на реформите и со посебен акцент којшто е ставен на зајакнување на владеењето на правото, независноста на судството и борбата против корупцијата — теми коишто се важни во сите наши општества. Извештај кој, од таа гледна точка, е многу корисен и навистина ги одразува приоритетите во нашата соработка, затоа што Франција тесно соработува во тие сектори — зајакнување на администрацијата, независност во судството,“ изјави амбасадорот на Франција во Македонија, Кристоф Ле Риголер.

Во Штип, Риголер присуствуваше на настан од програмата Balkan News Truck, чија цел е да го едуцира населението како да препознае лажна вест. Искуството покажува дека на удар на лажните вести се постарите граѓани.

Реклама

„Порано, кога сме имале само телевизија, имало само еден филтер, односно уредникот одлучувал што ќе има или не. Но сега, било кој може да постира некаква информација на интернет. Најпогодени се постарите и најмладите генерации, бидејќи не се свесни дека таа информација може да биде лажна, намерно манипулирана и создадена за да наруши некој демократски процес,“ изјави Деспина Ковачевска од Фондацијата „Метаморфозис“.

На средношколците им беа посочени и разни алатки со кои ќе можат да утврдат дали веста е лажна или пак одредена фотографија е направена со помош на вештачка интелигенција.