Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Македонија

Лауреатот на Светската награда на хуманизмот Кристоф Бенедиктер од Охрид: Хуманизмот е императив на нашето време

Во време на војни, климатски промени и неконтролиран развој на вештачката интелигенција,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во време на војни, климатски промени и неконтролиран развој на вештачката интелигенција, хуманизмот и творечката природа се силата со која човекот може и мора да му се спротивстави на уништувањето, порача денеска во Охрид проф. д-р Кристоф Бенедиктер, добитник на Светската награда на хуманизмот за 2026 година.

Претседателот на Европската асоцијација на истражувачи и професори и еден од најистакнатите современи европски интелектуалци и промотори на академската и културната соработка, на свечената церемонија во Куќата на МАНУ ја прими наградата што веќе 20 години ја доделува Охридската академија на хуманизмот. Признанието, како што рече самиот Бенедиктер, претставува наследство на повеќе од 1.100-годишната духовна и интелектуална традиција на Охрид, поврзувајќи ја современата Академија со делото на Свети Климент и Свети Наум.

– Охрид е едно од оние ретки места каде што творечките и научните умови процветале низ многу генерации и епохи – и продолжуваат да го прават тоа и денес. Овој град поседува посебна аура која му овозможува на духот и културата да опстојуваат и повторно да се раѓаат, рече тој.

Реклама

Тој предупреди дека човештвото денес располага со огромна научна и технолошка моќ, но истовремено се соочува со сериозни опасности, меѓу кои климатските промени и вештачката интелигенција.

– Вештачката интелигенција има потенцијал да стане првата иновација што нема да го направи човештвото како целина попаметно – како што тоа беше случај со печатарската преса или дури и со Интернетот – туку понеинтелигентно, оцени тој.

Осврнувајќи се на војните, ограничувањето на слободата и глобалните нееднаквости, Бенедиктер порача дека светот има потреба од позитивна визија заснована врз хуманизмот.

– Поголем степен на хуманизам, како меѓу елитите така и меѓу поширокото население, може да биде важен чекор кон заздравувањето на нашите општества и нашите души, рече тој.

Како потврда дека творечката сила може да опстои и во најтешки времиња, Бенедиктер ги посочи Охрид и делото на Свети Климент и Свети Наум, но и творештвото на австрискиот уметник Леополд Форстнер, кој во текот на Првата светска војна престојувал на Балканот.

– Дури и во време на најголема деструктивност, истовремено постои простор за творечкото и убавото, нагласи лауреатот.

Претседателот на жири-комисијата што ја доделува наградата, амбасадорот Јордан Плевнеш, пред присутните истакна дека на 20-годишнината од доделувањето на наградата што го возвеличува и чествува името на Свети Климент низ сите меридијани, Охрид веќе го носи престижното признание центар на светскиот хуманизам.

– Почитуван Кристоф Бенедиктер, Вие денес сте меѓу нас, а со вас се и Виена и Австрија, затоа што врските меѓу нашите народи се вековни… Таа духовна вертикала Ви посакува добредојде, како што им посакувала на сите кои стоеле на ова место пред нас. Низ целиот ваш историски, истражувачки ангажман, како да Ве водела мислата на Свети Климент Охридски – со просветление кон спасение – повеќе од три децении работите на големиот проект започнат од австрискиот уметник и европеист Леополд Форстнер (1878–1936), современик и соработник на Густав Климт, се залагате за надминување на историските поделби преку културата, образованието и науката… Преку Вас низ нашите очи минуваат сите македонски идеалисти кои во Виена и нејзината вечност ја гледале можноста за остварување на својот национален сон во европската пролет на народите, рече меѓу другото Плевнеш.

Тој уште посочи дека 30-годишниот интерес на годинешниот лауреат и посветеноста кон Македонија одекнуваат и денес, што, како што беше речено, „ние тоа го чувствуваме како наше духовно богатство“.

– Особено значаен за сегашниот значаен миг на нашата сложена одисеја кога прославуваме 35-годишнината од нашата независност во чекалница на Европската Унија. Во 2014 година, кога германската канцеларка Меркел, во рамки на Берлинскиот процес во Виена го организираше Самитот на ЕУ со земјите-кандидати, заедно решивме да објавиме текст во виенскиот весник „Стандард“, поставувајќи го прашањето зошто толку долго Македонија е понижувана, кога со сета своја историска и современа реалност одамна заслужува да биде рамноправна членка на европското семејство… Независно, почитуван лауреате Бенедиктер, чувствувајте се тука како барон на хуманизмот, тука во Охрид, независно што по планетава беснеат војни, геноциди, нуклеарни закани… Ние ќе продолжиме да веруваме како Свети Климент, дека со просветление светот ќе го најде своето спасение, рече Плевнеш.

Професорот Бенедиктер е еден од основачите на Музејот на Форстнер во Линц, каде се изложени експонати поврзани со Македонија. Неговите бројни иницијативи, конференции и меѓународни проекти придонеле за афирмација на балканските научници, истражувачи и културни дејци во европски рамки и за создавање нови можности за соработка меѓу народите од регионот. Бенедиктер преку својата работа ја потврдува идејата дека Балканот не е периферија на Европа, туку едно од нејзините суштински духовни и културни средишта, каде што се среќаваат традициите на Истокот и Западот.