Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

Лабудовиќ: Целосно ќе ја реконструираме улица „Педесетта дивизија“

Улицата „Педесетта Дивизија“ со години претставува симбол на запоставеност – со оштетен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Улицата „Педесетта Дивизија“ со години претставува симбол на запоставеност – со оштетен коловоз, тесни тротоари, небезбедни пешачки патеки и сериозен недостиг од паркинг-места. Таквата состојба не ѝ доликува на една од најважните сообраќајници во срцето на Скопје, ниту на граѓаните кои секојдневно се движат по неа.

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од Движењето ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ, најави дека ова ќе биде еден од првите капитални проекти што ќе го реализира веднаш по преземањето на функцијата, стои во соопштението на ЗНАМ.

„Се обврзувам дека улицата ‘Педесетта Дивизија’ ќе биде целосно реконструирана. Ќе изградиме нов коловоз, широки и уредени тротоари, велосипедски и пешачки зони, зелен појас и ќе воспоставиме ред во паркирањето. Ќе воведеме резидентни паркинг-места за жителите конечно да имаат приоритет пред сите други,“ истакна Лабудовиќ.

Реклама

Проектот опфаќа и воведување на „Зона 30“ – со ограничување на брзината на движење, поставување ново енергетски ефикасно улично осветлување, подобрен систем за одводнување и дополнителни мерки за безбедност на пешаците.

Како што вели Лабудовиќ, целта е улицата да стане пример за ред, безбедност и зелен урбанизам – простор каде граѓаните ќе се чувствуваат пријатно и безбедно, а не само место за автомобили.

„Ова не е само реконструкција на една улица – ова е почеток на нова енергија во Центар. Почеток на еден поинаков пристап – со конкретни решенија, реални рокови и отчетност кон секој жител. Центар ќе покаже дека кога има визија, план и чесна намера – резултатите се видливи и се чувствуваат брзо,“ порача Лабудовиќ.

Со реконструкцијата на улицата „Педесетта Дивизија“ ќе започне ново поглавје во управувањето со Општина Центар – пристап заснован на дела, ефикасност и вистинска грижа за граѓаните.

Проектот ќе биде реализиран според најсовремени стандарди, а жителите ќе бидат активно вклучени во процесот на планирање, со цел решенијата да бидат практични и усогласени со нивните секојдневни потреби.

Истовремено, со реконструкцијата на „Педесетта Дивизија“, ќе започне и обнова на улиците „Мирослав Крлежа“ и „9 Мај“, каде што исто така е потребна темелна санација на коловозните ленти, тротоарите и, каде што дозволува просторот, воспоставување безбедни пешачки и велосипедски патеки.

Со тоа, трајно ќе се подобри фреквентноста и безбедноста во сообраќајот и ќе се создаде поуреден, функционален и модерен Центар.