Реклама
Македонија

„КВО ВАДИС ЛЕВИЦО“ Жижек или Питерсон II дел

Каде оди светската левицаНа врвот од својата слава светската левица успева да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Каде оди светската левица
На врвот од својата слава светската левица успева да го задрма светот во триесетите години на минатиот век со Франкфуртската школа и критичката теорија со која инситира да се смири светот кој залутал кон фашизам и ленинизам. Од времето кога тие ги нудат Кант и Хегел во свежа верзија со која регрутираат милиони млади ширум светот до денешното време на победи на десните и ројалистите многу работи се значително променети .
Особено после разните обоени револуции светот на левицата западна во видна криза бидејќи не се остварија очекувањата за новиот поредок во светот. Идејата дека со падот на диктаторот ќе паднат неговите неолиберални поддржувачи е разобличена. После арапската пролет во голем дел од земјите настапи Исламското братство. Во европските земји пак, настапи бранот на популистите. Сега секој разбира дека верата на левицата беше искористена како продолжена рака на интернационалниот капитал.
Резултат на ваквото фијаско е појавата на свртување кон нешто што не му паѓаше на крај памет на еден левичар: религијата. Уништувајќи ја вербата во новиот поредок на либералниот свет и идеал, левичарите му отворија простор на она што значи традиционално верување и засилено десничарење.
Светот се изненади кога во делата на ултра левите автори, Тери Иглтон, Ален Бадју, Џорџ Агамбен и словенецот Славој Жижек како нов мотив на револуцијата се појави токму религијата. Идејата е дека токму таму може да се најдат најдобрите сојузници против неолибералните господари. Иглтон вели дека верата треба да се спаси во својата автентичност и така да стане база на културната левица, но без метафизички елементи. Бадју во своите дела го спомнува Апостол Павле и вели дека во неговото дело лежи примерот на Маркс и Мао кои единствено успеале да направат драстична промена во новиот век како апостолот во стариот. За оваа појава коментар во Форбс уште во 2014 вели дека исто како и десните и левите му се обраќаат на вистинскиот верник. Верникот како носител на чуство на правда, одговорност, срам и пред се мачеништво.
Очекувано, на ваквите повици се појави одговорот од Црквата. Папата Францис во својата енциклика го критикува актуелниот светски економски систем. Во истиот контекст се обраќањата на речиси сите верски лидери во светот. Во православието се појавија критики дека некои од црните мантии служат за покривање на оваа идеологија.
На социјалните мрежи се читаат коментари кои се сомневаат дека всушност станува збор за промоција на главната матрица на неолибералите. Во еден кадар од видео интервју на Клаус Шваб основачот на Светскиот економски форум во Давос, се забележува биста на Ленин во неговиот кабинет. Работите отидоа до таму што се тврдеше дека силата која го собира целиот светски естаблишмент на собирот во Давос била тајното постоење на Комунистичката интернационала.

Оксиморонот во нашиот лев простор
Новата класа во речиси сите посткомунистички земји со ортодоксна доминација се нарекува црвена буржоазија. Слојот кој се договори со западот за ресолвирање на поранешниот систем под услов да ја задржи својата водечка улога. Под нејзино влијание улогите на страната на левицата се изместени значително. Црвената буржоазија се појавува како експлоататор, а останатите според идеите на остатоците од троцкисти и класичната школа останаа пролетери кои се борат против неа.
Во средината на деведесетите години како студент имав чест да бидам присутен на редовните протести на работниците измамени во приватизацијата. Бев сведок на нивните лични судбини и искази. Тоа беа потресни приказни за гладни луѓе кои гледат разграбување. Потенцирам, чест бидејќи ретко се укажува можност да се чекори со маченици.
Објавив книга со наслов ,,Последното отуѓување’’ за генезата и развојот на црвената буржоазија. Но, откако еден од професорите кој го сметав за еклатантен пример за црвен буржуј ја пофали како одлична идеја – се премислив. Сфатив дека само еден дел од црвената буржоазија е инфициран со сериозната корупција. Останатите се заслужни за градењето на многу од нашите важни општествени институти.
Нема особен интерес да го дефинираме терминот „црвена буржоазија“. Подизведувач на нашиот општествен распад е неолибералниот газда. Тоа се оние господа облечени во тренерки со златен синџир околу вратот кои плукаат на тротоарите пред своите огромни трговски маркети.
Всушност, сериозна задача е да се дефинира терминот „работничката класа“ и улогата на пролетеријатот со цел повеќе да не мешаат и злоупотребуват. Имено, работничката класа постои како тероретски и како стварен поим. Теоретски кај Маркс (префабрикуван кај Ленин и Кардељ) како експолатирана класа. Дефиниција која во практиката се покажа како нереална. Но, стварната дефиниција за тоа што е работничка класа е реалност. За неа си постојат дефиниции во правните документи, постојат и реални сведоштва и документирани филмови.
Вистинската ,,работничка класа’’ се оние кои во првиот број на весникот “Комунист” ја објавуваат национализацијата. Оние кои во лична полза ги одземаа машините од фабриките и предметите од домовите на буржоазијата во периодот од 1946 и се разбира, оние кои од 1994 година наваму навлегоа во научно најчудната приватизација на таканаречениот општествен и државен капитал. Да не заборавиме дека директорите и политичарите на комунизмот практично според уставите си беа дел од работничата класа (Устав на СФРЈ 1974).
Нашето општество треба да побара отчет од таа ,,работничката класа’’. Таа е лажната буржоаска класа. Уште помалку сега да им се ,,противиме’’ со доза на слугување, синистерски. Наводно да развиваме организации со кои да се бориме против нив како експолататор. Нема да им се обраќаме како експлоататори. Ние никогаш нема да почитуваме некого кој претепал господин, му одземал имот, децата му ги однел во дом, а своите деца ги направил господа.
Значи, треба да разбереме дека ,,работничката класа’’ ја заврши својата историска мисија со тоа што се унапреди себе си до мерка на преговарач со империите на западот. И тоа сигурно не се оние кои денес работат зад некоја машина, и на кои им остана да се чувствуваат како пролетери. Во таква смисла тоа претпоставувам би биле само оние кои сѐ уште веруваат на теоријата на Марксизмот.

Македонската левица од оваа криза смета дека ќе се извлече така што со отуѓените народни средства ќе си ги купи и двете улоги. Ќе биде и буржоазија и пролетер на нашата Македонска нација. Оксиморнон од убедени марксисти кои експлоатираат пролетери. Нејзин главен проект е креирање нов ,,десен и лев пролетер’’. Првиот десничар кој наводно ќе се вклучи во процесот на конзервирање традиционални вредности. Чудно, но очигледно функционира. А другиот, пролетер кој според народната ,,колку јас владика толку ти поп ’’ ќе им се обраќа како да се буржоазија.
Нашето домашно искуство со левицата е ретко и затоа не треба тој продукт да го брендираат други. На пример словенците, во ликот на Славој Жижек чии дела воодушевуват огромна публика.

Од пролетер до работник
Наместо вера без метафизика можеби левицата од десните треба да позајми други идеи. На пример важно е секое движење за работниците да биде движење за ослободување на поробениот работник од продуктивна зависност, од едноставните и повторени движења заради егзистенција. Тоа би можело да биде новата задача на левицата. Покрај економската зависност да се противи на тоа работникот наместо својата умешност и артифициелност да ја користи единствено својата продуктивност. Можеби така оживеан работникот ќе најде нови сили за борба.
Очигледно е дека мултиполарниот свет ќе пристигне како нова географска мапа. Неговата нова форма нас нѐ прави да се поставиме во однос на него паметно и навремено со нови јасни но, општествено кохезивни улоги.
Петар Трајков