Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

Кузеска: Крај на мигранти во Македонија се става само ако се потпише Резолуцијата на СДСМ

Со договорени мигранти за пари ДПМНЕ ја предаде Македонија, ја продаде за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со договорени мигранти за пари ДПМНЕ ја предаде Македонија, ја продаде за пари, за скапи кредит врз грбот на народот. Цела недела одбегнуваа да одговорат на нашите повици, одбегнуваа да ја потпишат Резолуцијата  во којашто експлицитно стои дека нема да дозволиме да се носат мигранти. Наместо да застанат заедно со нас поднесоа контра Резолуција, се вели во соопштението од СДСМ од прес-конференцијата на портпаролката Богданка Кузеска.

Контра протести, контра Резолуција, лажни вести, закани со кривични пријави, исто како во време на Никола Груевски.

Со контра Резолуцијата ДПМНЕ–ЗНАМ го потврди она што СДСМ со денови го говори: постои договор „мигранти за пари“.

Реклама

Државата е во тешка финансиска состојба, дупката моментално е 1 милијарда евра. Трезорот се затвора пред време, доцнат исплати за породилно, социјална помош, на ДДВ, нема пари за плати и пензии.

Но, парите не и требаат на власта за граѓаните, туку за пумпање пари преку наместени тендери и бизниси.

Сите ги видовме криминалните шеми, 161 тендер, 14,5 милиони евра само кај две фирми.

Затоа договараат мигранти за пари и скапи кредити што утре ќе ги враќаат младите и идните генерации.

Затоа во контра Резолуција нема ниту една јасна одредба што забранува носење мигранти од Британија за пари.

Има игра на зборови, мигрантите ги кријат зад термини како „економски работници“ или „нелегални мигранти“.

Ова е национално предавство. Владата на Христијан Мицкоски ја распродава иднината на Македонија.

Ние заедно со граѓаните ќе ставиме крај на овие предавнички и криминални политики на ДПМНЕ-ЗНАМ.

Крај на на предавството на Македонија.

Крај на корупцијата и криминалот.

Крај на тендерите за пумпање пари од граѓаните.

Крај на катастрофалните економски политики.

Крај на изолацијата!

Доаѓа вашиот крај. Тоа граѓаните ќе ви го испорачаат!

Борбата за Македонија почна и нема да застане. Сите ќе одговарате!