Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Прилози

Курти прогласи победа на изборите на Косово, ќе мора да прави коалиција за да формира влада

Албин Курти победи на парламентарните избори во Косово. Неговата партија Самоопределување освои скоро половина од гласовите, но сепак не доволно за мнозинство и самостојно формирање на Влада . За ова, Курти ќе мора да коалицира со другите партии. „Во наредните недели ќе се сретнеме, ќе соработуваме со сите партии затоа што пред сè е, јавниот […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Албин Курти победи на парламентарните избори во Косово. Неговата партија Самоопределување освои скоро половина од гласовите, но сепак не доволно за мнозинство и самостојно формирање на Влада . За ова, Курти ќе мора да коалицира со другите партии.

„Во наредните недели ќе се сретнеме, ќе соработуваме со сите партии затоа што пред сè е, јавниот интерес, волјата и суверената Република на која ѝ служиме со посветеност. Сметајте на нас не само во работата што ја работиме, туку и во соработката што ја правиме“, изјави Курти

Во победничкиот говор Курти упати критики и кон опозицијата.

Реклама

„Она што му недостига на Косово не е влада, ниту претседател, туку Собранието. Опозицискиот блок не оди на работа. А ние сме заинтересирани и опозицискиот блок да оди на работа. Се надеваме дека тоа ќе се случи во новиот, 11-ти пратенички состав.“

Овие избори доаѓаат откако поранешната претседателка Вјоса Османи го распушти парламентот и одреди вонредни парламентарни избори доцна лани. Додека пак во српскиот блок, партијата Српска Листа ги освои сите 10 мандати загарантирани на српската заедница, а обвинуваат дека имало обид за кражба на еден мандат и се заблагодарија за поддршката и покрај тоа што, како што велат тие, трпеле разни притисоци како апсење и малтретирање.

Бојан Таневски