Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Македонија

Кумановската гимназија „Гоце Делчев“ домаќин на ученици од Црна Гора

Кумановската гимназија „Гоце Делчев“ го реализираше вториот дел од регионалниот проект „Суперучилиште“,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кумановската гимназија „Гоце Делчев“ го реализираше вториот дел од регионалниот проект „Суперучилиште“, преку кој гимназијата беше домаќин на ученици и професори од мешовитото средно училиште „Младост“ од Тиват, Црна Гора, информираа денеска од „Гоце Делчев“.

Проектот, кој се реализира преку партнерство меѓу двете училишта, се фокусира на темата „Глас на младите од Балканот“, ставајќи акцент на улогата на средношколците како носители на позитивни општествени промени. Во текот на еднонеделната програма учениците учествуваа во тематски работилници посветени на интеркултурниот дијалог, надминувањето на предрасудите и стереотипите, како и развојот на комуникациски и социјални вештини.

Координатори на проектот се наставниците Лидија Тасевска и Далибор Димковски, кои посочуваат дека позитивните искуства од оваа размена дополнително ја потврдуваат потребата од континуирано вложување во младински програми што ги поврзуваат учениците од Западен Балкан.

Реклама

– Покрај едукативниот сегмент, програмата им овозможи на гостите од Црна Гора непосредно да се запознаат со културното и историското наследство на Куманово и неговата околина. Посетата на мегалитската опсерваторија Кокино, разгледувањето на музејската поставка во Народниот музеј, како и учеството на ликовна изложба во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, претставуваа можност младите да стекнат поширока слика за локалниот идентитет и традиција-изјавија координаторите, Тасевска и Димковски.

Спортските активности, според координаторите на проектот, биле важен дел од програмата, бидејќи токму преку заеднички натпревари и тимска работа се зајакнува чувството на припадност, доверба и соработка меѓу младите. Овој неформален пристап кон учењето се покажува како ефикасен механизам за градење лична самодоверба и поттикнување на здрави животни навики.

Размената придонесе и за создавање нови пријателства и контакти меѓу учениците од двете земји, што претставува значаен чекор кон долгорочно поврзување на младите од регионот. Ваквите иницијативи, оценуваат организаторите, се важни за поттикнување на меѓусебното разбирање и зајакнување на регионалната стабилност преку образованието. Активностите се спроведоа во рамки на програмата што ја поддржува Регионалната канцеларија за младинска соработка на Западен Балкан (RYCO), со цел унапредување на дијалогот, мобилноста и соработката меѓу младите од регионот.