Сметот од Куманово од вечерва привремено ќе се транспортира и депонира на депонијата Дрисла во Скопје, информираа од ЈП „Чистота и зеленило“, и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.
Димитриевски се заблагодари на премиерот Христијан Мицкоски како и на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и менаџерскиот тим на Дрисла за поддршката во надминувањето на проблемот со транспортот и депонирањето на отпадот.

– Продолжуваме интензивно со санација на депонијата Краста и надминување на проблемот. Во мое лично име и во име на менаџерскиот тим на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово, се извинувам на моите сограѓани кои поради блокадата на нашата депонија се соочуваат со сериозен проблем, кој ќе биде надминат во најбрз можен рок – наведува Димитриевски во објавата на неговиот фејсбук профил.

