Реклама

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Се одмотува клопчето за корупција во судството – Дали судиите и обвинителите меѓусебно си ги штитат грбовите?

Национален дата центар најверојатно ќе почне да се гради следната година

Над 60 уметници, бројни концерти ширум државата – Владата го презентираше деталниот извештај за потрошените пари за независноста

Пример за добро кризно менаџирање, експертската јавност за ребалансот на буџетот

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Економија

Куманово објави повик за субвенции за сметки за вода и ѓубре, наменет за ранливите категории граѓани

Општина Куманово денеска распиша јавен повик за субвенционирање на трошоците за комунални…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Куманово денеска распиша јавен повик за субвенционирање на трошоците за комунални услуги, насочен кон социјално ранливи категории граѓани. Мерката, како што соопштија од секторот за социјална заштита, има за цел ублажување на финансискиот притисок врз домаќинствата со ниски приходи и зголемена социјална ранливост.

Субвенциите може да ги користат стечајни работници кои останале без право на материјално обезбедување поради приватизација на државни претпријатија, самохрани родители кои сами ги извршуваат родителските права поради смрт, исчезнување или неспособност на другиот родител, згрижувачки семејства кои обезбедуваат 24-часовна грижа за деца и возрасни лица без соодветни услови за живот, млади лица кои до 18 години биле без родителска грижа, со можност за користење до 26 години доколку се образуваат, лица над 65 години – корисници на право на социјална сигурност за стари лица, лица со попреченост над 26 години, вклучително и лица со интелектуална и телесна попреченост, слепи, слабовидни, глуви и наглуви лица, како и лица со Даунов синдром, деца со специфични потреби до 26 години, корисници на гарантирана минимална помош, кои живеат под наем и немаат обезбедено станбено и материјално прашање.

За секоја категорија корисници се пропишани јасни и прецизни критериуми, како и задолжителна документација што мора да се приложи со барањето, меѓу нив фотокопија од лична карта, контакт телефон, последни сметки од ЈП „Водовод“ и ЈП „Чистота и зеленило“ (не постари од три месеци), доказ за врската помеѓу подносителот и носителот на сметките. Дополнително, за секоја целна група се бараат специфични документи решенија од Центарот за социјална работа, потврди од АВРСМ, изводи од матични книги, договори за наем, медицинска документација, решенија за попреченост или посебен додаток и потврди за редовно школување. Со ова се обезбедува селекција врз основа на реалната социјална состојба на барателите.

Реклама

Барањата можат да се подигнат во зградата на поранешен АД „Козјак“, спроти градскиот стадион, во Одделението за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита. Поднесувањето на документацијата се врши во Архивата на Општина Куманово и ќе трае до 12 февруари годинава.