Реклама

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Македонија

КСС најави секојдневни протести од 26 април доколку не се исполнат нивните барања

Секојдневни протести од 26 април доколку не бидат исполнети барањња за зголемување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Секојдневни протести од 26 април доколку не бидат исполнети барањња за зголемување на бодот на 103 денари во бруто износ, најави Конфереденцијата на слободни синдикати . Со ваквото зголемување ќе има разлика во платите на вработените со различни квалификации и најниската минимална плата би била 18.200 денари.

Синдикатот за транспорт и врски, Синдикатот за станбено деловни, комунални организации, Синдикатот на полиција и Синдикатот за енергетика кои на 30 март излегоа на предупредувачки протест и се крајно разочарани и се чувствуваат манипулирани од односот на Владата кон вработените и кон нас како синдикат . Имено, дознаваме дека денеска Законот за административни службеници е во собраниска процедура на пленарна седница, Закон кој е потценувачки и се надеваме дека денеска нема да биде изгласан од причина што платите на административните службеници ќе бидат покачени за само 100-300 денари, вели Благоја Рапловски претседател на КСС.

Според КСС, со овој проблем се засегнати околу 100 илјади работници во државата. според нивните сознанија следниот месец  ќе има вработени кои ќе добијат плата и под минималецот. За Конфедерацијата  е неприфатлив предлогот на  ССМ за линеарно зголемување на сите плати за 2.806 денари во нето износ.

Реклама

И додека вработените од речиси сите сектори од државава изразуваат незадоволство преку протести и штрајкови, истовремено се соочуваат со огромни притисоци. Таков е примерот на Стојче Јовановски кој откако е на чело на синдикатот во КПУ Затвор Скопје се соочува со два откази кои се во жалбена постапка во моментов.

Синдикатот известува уредно за синдикална активност кога јас отсуствувам од работа, но тие не ги земаат во предвид нашите известувања и сметаат како да не сум ги известил. Имаме уредно докази дека сме ги известиле и дека не сум отсуствувал од работа, но не ги земаат во предвид нашите известувања и заради не-известување ме бркаат од работа заради синдикална активност, порача Стојче Јовановски.

Јовановски додава дека вакви притисоци немало никогаш . На притисоци се жалат и вработените во градинките и основните училишта откако започна генералниот штрајк на СОНК минатиот понеделник.

Кристина Алексиеска