Реклама

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Мицкоски: Македонија со инфлација од 2,3%, меѓу земјите што најдобро се справуваат со економската криза

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

Прилози

КСОМ: Бараме 30% повисоки плати за здравствените работници и бенефициран стаж, ако власта нема слух ќе има протестен марш

Зголемување на платите од 30%, четири отсто инфективен додаток, корекција на Колективен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зголемување на платите од 30%, четири отсто инфективен додаток, корекција на Колективен договор, бенефициран стаж и поголема заштита за здравствените работници. Со вакви барања излегоа од Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија, од каде најавија протести во самите здравствени установи, за време на паузата. Целта е, велат, да се искаже незадоволството поради неисполнети барања.

Гоце Делчев, главен генерален координатор на сите независни синдикати во конфедерацијата во КСОМ и претседател на Независниот синдикат на полицијата, информираше дека е донесена одлука во секторот здравство при КСОМ, за организирани протести почнувајќи од денеска, па продолжувајќи и утре, во триесетина здравствени објекти. Протестите ќе бидат во кругот и во рамките на самите здравствени установи, за време на паузата на вработените. Целта е да се искаже незадоволството поради неисполнети барања.

Ако до среда нема одговор на нашите барања, ако не бидеме повикани на разговор околу решавање на проблемите, наредниот петок протестот ќе биде пред Министерството за здравство, рече, нагласувајќи дека огромен дел од медицински персонал заминува од државата поради мали плати. За по три недели, најави протестен марш на здравствени работници, ако немаат дотогаш позитивен одговор на барањата, вели тој.

Реклама

Лазе Костовски, претседател на Независен синдикат на геријатрија рече дека во изминатиов период се вршел притисок врз нивни членови во одделни здравствени установи. Целта на притисоците, како што нагласи, била да се оттргнат од протести.

По мое лично мислење, министерот не е вмешан во тоа, вмешани се некои други синдикати, чии членови преминуваат кај нас. Доколку не престанат притисоците, ќе поднесеме тужби, најави Костовски.