Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Крводарителска акција во чест на хуманоста на Тоше Проески

Во рамките на традиционалните крводарителски акции на Црвениот крст на град Скопје…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамките на традиционалните крводарителски акции на Црвениот крст на град Скопје и оваа година ќе се реализира крводарителска акција посветена на хуманоста и делото на нашата музичка ѕвезда Тоше Проески, кого, како што наведуваат оттаму и покрај тоа што прерано нè напушти, засекогаш ќе го паметиме како симбол на хуманост.

Акцијата ќе се одржи во холот на Домот на АРМ, во периодот од 09:00 до 17:00 часот, а во нејзина организација се вклучува Општинскта организација на Црвен крст Гази Баба, со поддршка на Институтот за Трансфузиона медицина.

-Оваа крводарителска акција веќе прерасна во препознатлива и традиционална хуманитарна активност во Скопје, која секоја година обединува голем број граѓани, а особено млади луѓе кои во ликот и делото на Тоше Проески препознава позитивен пример, се наведува во соопштението. 

Реклама

Досега, преку овие крводарителски акции се собрани над 6.000 единици крв, при што, како што се додава во соопштението, особено охрабрувачки е големиот број млади и првократни крводарители кои активно се вклучуваат, инспирирани од пораките што Тоше ги пренесуваше.

-Доброволното крводарителство во Македонија има една јасна и благородна цел – да се мотивираат што поголем број граѓани доброволно да даруваат крв, со што ќе се обезбедат неопходните количини крв и крвни продукти за навремено и успешно лекување на болните и повредените. Крводарителството ги негува вредностите на хуманост и солидарност, особено кај младите, и придонесува за подигнување на здравствената култура и јавната свест. Крвта, како лек, сè уште е незаменлива и нејзиното обезбедување зависи исклучиво од хуманоста и добрата волја на крводарителите, кои доброволно, анонимно, бесплатно и солидарно даруваат крв. Затоа, мотивирањето и вклучувањето на населението во вакви акции е од исклучително значење за градење позитивен однос кон крводарувањето и за спасување човечки животи, додаваат од Црвен крст.

Црвениот крст на град Скопје и Општинската организација на Црвен крст Гази Баба  ги повикуваат сите хумани граѓани да земат учество во оваа крводарителска акција и како што велат, заедно, во духот на Тоше Проески, да покажеме дека хуманоста живее.