Реклама

Од први септември стартува градскиот воз, големата кражба нема да го попречи планот

Чешиново-Облешево ќе добие прв центар за рехабилитација на штркови

Дивите депонии го гушат Охрид – екоактивистите апелираат да се казнува

Владата е подготвена да интервенира доколку има значителни промени на светските берзи на нафта

Скопје се сеќава – 63 години од катастрофалниот земјотрес

Гостивар утре ќе добие технички исправна вода

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Македонија

Крстот за Водици во Кочани во рацете на Марјан Заов

Марјан Заов денеска го фати светиот крст  во осветените води на Кочанска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Марјан Заов денеска го фати светиот крст  во осветените води на Кочанска Река, кај Крушарскиот мост на традиционалната црковно-верска манифестација по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици.

Тој беше најсреќен и прв успеа да го извади крстот од Кочанска Река. Во овј црковно-верски обичај годинава учествуваа 47 пријавени момчиња.

Триесет и двегодишниот Марјан рече дека ова за него е голем успех.

Реклама

– Нека дава Господ здравје, среќа и благосостојба на сите. Голем спомен за мене, здравје и мир на сите, порача Заов од Кочани.

Храмот „Св. Великомаченик Георгиј“ го даруваше Марјан со Библија. Градоначалникот Владко Грозданов во името на граѓаните на Кочани, традиционално му подари златник, а компанијата „Зегин“ вредносен ваучер.

Чинот на осветување на водите на Кочанска река и потопување на Светиот крст го изврши Митрополитот Брегалнички г. Иларион во сослужителство на свештеници од храмот „ Св. Вмч Георгиј“ – Кочани.

Претходно, во кочанскиот црковен храм се одржа Света Божествена литургија, по што имаше лицитација на икони од страна на верниците. Собраните средства се наменети за довршување на храмот „Св. Преображение“ кај Атомските згради во Кочан