Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Кривична против Пин Петрол од Куманово

Финансиската полиција поднесе кривични пријави против управителот и фирмата „Пин Петрол“ од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Финансиската полиција поднесе кривични пријави против управителот и фирмата „Пин Петрол“ од Куманово, која јавноста ја поврзува со поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, а сега координатор на пратеничката група на СДСМ.

Под истрага се и две службенички – една во Пошта и друга во Јавното претпријатие за државни патишта. „Пин Петрол“, која освен бензинска пумпа поседува и станица за технички преглед, во периодот од 2019 до 2024 година лажирала дека парите наменети за ЈПДП од регистрацијата на возилата се уплаќаат на државното претпријатие. Според соопштението од полицијата, во тоа помогнала второпријавената, Г.С.П., вработена во Македонски Пошти, која наместо да ги уплати парите на претпријатието, ги присвојувала, а налозите за уплата ги фалсификувала. Третопријавената, вработена во ЈПДП и надлежна за контрола, пропуштила да провери дали „Пин Петрол“ ги уплаќал законските давачки. Пријавените ќе одговараат за злоупотреба на должноста, проневера и несовесно работење, а со неуплаќањето на предвидената патна такса го оштетиле буџетот на ЈПДП во висина од 362 илјади евра. (П.А.)