
Повеќе за ова во следните вести. Полицијата продолжува да расчистува со корумпираните во своите редови.
10 специјалци во Единицата за брзо распоредување, го злоупотребиле правото за покривање на патните трошоци. Од 1-ви декември 2023 до 17 септември 2024 година им биле исплатени 10 илјади евра за патарини и за денови во кои не патувале од своето место на живеење на работа во Скопје и обратно и го оштетиле буџетот на МВР.
Одделот за внатрешна контрола до ОЈО за ГОКК односно Специјализирано одделение за гонење на полициски службеници поднесе кривична пријава и ги товари за кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување’’ казниво по член 353 од Кривичниот законик.

Пред две недели поднесе кривична пријава и за други десет припадници на ЕБР, кој во истиот временски период, на ист начин направиле штета на буџетот над 17 илјади евра.
