Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Кривична пријава за лице од Пласница поради оштетување прозорец на еден од вагоните на возот „Ќиро“, кој е историски предмет

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднела кривична пријава против А.Л.(36) од с.Пласница, општина Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“. Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 11.11.2025 година на булеварот Ослободување во Кичево, пријавениот […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднела кривична пријава против А.Л.(36) од с.Пласница, општина Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 11.11.2025 година на булеварот Ослободување во Кичево, пријавениот бил затекнат како оштетува прозорец на еден од вагоните на возот „Ќиро“, кој потекнува од 1917 година.

Возот, согласно известување од Националната установа музеј „Западна Македонија во НОБ“ од Кичево, е музејски предмет со историска вредност.