Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Крива Паланка и Перечин ја продлабочуваат соработката со нов меморандум

Меморандум за соработка меѓу Општина Крива Паланка и општина Перечин, Украина, е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Меморандум за соработка меѓу Општина Крива Паланка и општина Перечин, Украина, е потпишан во рамки на официјалната посета на градоначалникот Сашко Митовски на збратимениот град, по повод одбележувањето на 627 години од неговото постоење.

Во текот на посетата, како што информираат од Општина Крива Паланка, се одржани работни и пријателски средби, како и присуство на свеченостите по повод празникот на градот, при што е потврдена континуираната соработка меѓу двете општини.

– Со овој меморандум се продлабочува соработката и истата продолжува како израз на долгогодишно пријателство, меѓусебна почит и заедничка определба за понатамошен развој и унапредување на партнерските односи, информира службата за комуникација со јавноста на Општина Крива Паланка.

Реклама

Од општината посочуваат дека во своето обраќање Митовски ја нагласил важноста од негување на искрените пријателски односи, солидарноста и заедничките вредности, оценувајќи дека ваквите соработки претставуваат мост за поврзување меѓу луѓето, културата и идните генерации.

– Општина Крива Паланка изразува благодарност за топлиот прием и пријателската атмосфера, со уверување за понатамошен успешен развој на соработката, се наведува во соопштението од општината.