Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Македонија

Криел десет лаптопи во изнајмено возило – го фатиле цариниците на Богородица 

Македонски државјанин е фатен при обид за криумчарење десет преносни компјутери од марката DELL во вредност од речиси 13 илјади евра при влез во државата на граничниот премин Богородица, соопшти Царинската управа. Случајот e откриен од царинските службеници кои, поради основано сомнение, извршиле претрес на возило во сопственост на рент-а-кар компанија, управувано од осомничениот. При […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонски државјанин е фатен при обид за криумчарење десет преносни компјутери од марката DELL во вредност од речиси 13 илјади евра при влез во државата на граничниот премин Богородица, соопшти Царинската управа.

Случајот e откриен од царинските службеници кои, поради основано сомнение, извршиле претрес на возило во сопственост на рент-а-кар компанија, управувано од осомничениот. При контролата, на различни места во возилото биле пронајдени нови лаптопи од марката DELL. 

Во предистражната постапка спроведена од страна на Одделението за истраги е утврдено дека осомничениот, откако во Солун од карго-компанија подигнал десет преносни DELL компјутери, со намера да ги криумчари, на паркинг простор во Грција ги скрил на различни места во возилото со кое патувал.

Реклама

Против лицето е поднесена кривична пријава до ОЈО Гевгелија поради основано сомнение за сторено кривично дело криумчарење, казниво по Кривичниот законик. 

Царинската управа, како што наведува, продолжува со активностите насочени кон заштита на финансиските интереси на државата и обезбедување услови за фер економија.