Реклама

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

Груби излезе од куќен притвор, денеска ќе се дознае дали ќе го добие и пасошот

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Јавното обвинителство од Кочани побара притвор за бегалелката Ива Михаилова

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Прилози

Кревкото примирје во Газа се најде пред првиот сериозен тест

Хамас синоќа ги предаде четирите израелски заложници, по заканите од Израел дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Хамас синоќа ги предаде четирите израелски заложници, по заканите од Израел дека ќе ја преполови хуманитарната помош за Газа. Граничниот премин Рафах меѓу Израел и Газа не е отворен и покрај најавите дека преку него ќе влезе хуманитарната помош. Израелската војска по прегледот од Националниот институт за судска медицина соопшти дека едно од четирите тела што Хамас ги предале не се совпаѓа со ниту еден заложник. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сака да ги врати починатите заложници од Газа и го предупреди Хамас да се разоружат.

„Не морам да ви го објаснувам тоа. Но, ако не се разоружат, ние ќе ги разоружаме. Тие знаат дека не играм игри. Сега, направивме нешто монументално. Ги вративме заложниците. Тоа беше првото нешто што мораше да го направиме“ вели Доналд Трамп, претседател на САД

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху во интервју на CBS News порача дека ако Хамас не се согласи да се разоружа според мировниот план на Трамп, на Газа ќе и се случи пекол.

Реклама

„Во предвидлива иднина, не само за Израел туку и за слободниот и цивилизиран свет, неопходно е да се задржи способноста за одбрана бидејќи слободата не е трајна, ниту автоматска“ вели Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел

По повеќе од две години војна во Газа, во Египет на мировен самит беше потпишан договорот за мир на Блискиот Исток. На церемонијата присуствуваа над 20 светски лидери, но не и израелскиот премиер.

Давид Крстевски