Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Прилози

Краток спој меѓу Владата, Регулаторна и ЕВН околу струјата, Бектеши уверува нема да има поскапување по 1 јануари

Бектеши и Бислимовски на различни фрекфенции. По се изгледа нема да се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Бектеши и Бислимовски на различни фрекфенции. По се изгледа нема да се случи предизборно драстично поскапување на струјата како што стравуваа граѓаните.

Регулаторната комисија за енергетија сепак ќе треба да даде „амин“ за цената на струјата. ЕВН Хоум ќе ги прави пресметките за тоа колку ќе плаќаат граѓаните, но пред да е официјална РКЕ ќе има право да интервенира ако се утврди дека пресметките не се точни.

Министерот за економија тврди дека ова нема да придонесе за поголеми сметки иако досега Регулаторот голем дел од пријавените трошоци на енергетските компании не ги признаваше и не ги калкулираше во новата цена.

Реклама

Никако нема да има повисока цена на струјата, имајќи предвид дека тоа е предвидено со Законот за енергетика. РКЕ согласно став 5 од членот 10 ќе има право да интервенира во цената, ако се утврди дека пресметките не се направени како што треба. Со последните измени на Законот за енергетика граѓаните знаат дека воведовме универзален снабдувач на кој рокот му истекува наредната година, а постапката за избор на нов е почната, вели Бектеши.

Од ЕВН Хоум објаснуваат дека тие ќе ја пресметуваат цената исклучиво за малите потрошувачи и домаќинства по досегашните форули за пресметка, а  за да се овозможи тоа РКЕ треба да ги утврди цените и тарифите за останатите трошоци вклучително и профитната маржа.

Пред да се примени цената, ЕВН Хоме е должна да ги достави до РКЕ на контрола сите податоци и информации кои се употребени во пресметката, како и драфт пресметките за цените. ЕВН Хоме како Универзален снабдувач отсега ќе биде одговорна за пресметка  на цената на електричната енергија исклучиво за категориите мали потрошувачи и домаќинства.  РКЕ ќе ги одредува цените и тарифите за останатите, односно за пренос (МЕПСО), дистрибуција (Електродистрибуција) и за операторот на пазарот на електрична енергија (МЕМО), информираат од ЕВН .

Започната е постапка и за нов универзален снабдувач, за  кој надлежните очекуваат да понуди пониска профитна маржа од 11 отсто колку што е сега. Бектеши тврди и дека намалувањето на субвенциите од државата нема да влијае на цената на струјата, а тоа се правело за да се намали производната цена на ЕСМ. Се уште не е дефинирано дали ќе има проширување на блок три каде се потрошувачите кои трошат од 631 – 1050 киловат часови по најавите од Вицепремиерот Битиќи.

Во моментов се прават анализи од РКЕ и надлежните институции, во делот на блоковите зашто сакаме што повеќе да ги заштитиме ранливите категории граѓани. Во делот на директните субвенции ќе се опшири опфатот на ранлива категорија на граѓани , рече Бектеши.

Претседателот на регулаторната комисија за енергетика вчера соопшти дека нема тие веќе да ја одредуваат цената на струјата, туку ЕВН Хоум па не знаеа да прецизираат дали имаат надлежности. Новиот начин на пресметка се правел според законот за енергетика и согласно регулативите на ЕУ.

Сепак, каква цена на струјата ќе плаќаме по Нова Година најмногу ќе зависи од тоа колку ќе произведе ЕСМ и по која цена ќе се продава на ЕВН. Она што засега е сигурно дека ќе остане истиот тарифен модел со блок тарифи.

Кристина Алексиеска