Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Кралска гробница на локалитетот „Павла Чука“, оставена на забот на времето ?!

Монументалната Кралска гробница од македонски тип која датира од 4-от век п.н.е,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Монументалната Кралска гробница од македонски тип која датира од 4-от век п.н.е, а која за прв пат е откриена уште во 1936 година на археолошкиот локалитет „Павла Чука“, помеѓу прилепските села Бонче и Подмол, оставена е на забот на времето, тврди археологот Антонио Јакимовски, кој е и раководител на истражувањата на овој Проект, а кои периодов се продолжени.

„Гробницата е оставена на забот на времето. Ништо не е направено ни за неа, ни околу неа. Освен археолошките истражувања, немаме никакви конзерваторски активности. Афирмирана е само во научниот свет, во Германија, Англија и во други светски метрополи, каде што сме ја презентирале. Таа е позната во науката, но тука не е ништо направено. Секако дека треба да се заштити, барем да се означи дека имаме некаков археолошки објект кој во нашава држава е од раната антика и е еден од најубавите, ако не и најубавиот“ – вели Јакимовски.

За продолжување на истражувањата, Министерството за култура годинава доделило само 250.000 денари, а минатата година пак, само 150.000 денари, што според Јакомовски е премалку, но како што вели, барем имало континуитет во доделувањето средства.

Реклама

„Добро е што има континуитет…барем да се исчисти и да се одржува. Барем еднаш годишно тоа мора да се прави. Ние работиме повеќе од ентузијазам отколку што имаме средства“ – посочува Јакимовски.

Се претпоставува дека ова е античкиот град Пелагонија кој што бил главен град на Четвртата Македонска Мерида, по поделбата од римската власт. Градот се протега на површина од околу 15-тина хектари и во него има над 20 некрополи, што претпоставува дека имал околу 15-20 илјади жители.  Пред 15-тина години, колку што траат и истражувањата, овде се пронајдени и трите парадни штита на војници од војската на Македонскот крал – Деметриј, како и монети на кои пишува „Македонија четврта“.

 

 Каролина Дурло