Реклама

Невремето откорна дел од кровот на болницата во Штип, сериозни штети има во Чешиново-Облешебо

Историска посета на претседателката на Индија на Македонија: Амбициозни цели трговската размена да порасне од 133 милиони на 500 милиони долари

Средба Друпади Мурму- Гордана Сиљановска Давкова: Прва историска посета на претседател на Индија на Македонија.

Невремето направи големи штети во Дојран, Делчево и кумановско

Гостиварци 22 дена пиеле фекалии, а ИЈЗ Гостивар тврдел дека е чиста три дена пред да се открие

Димитриеска – Кочоска: Ребалансот ќе обезбеди редовна исплата на плати и пензии

Авиосообраќајот урива рекорди – Визер воведува 7-ми авион во флотата во Скопје

Завршени се 40 проценти од пречистителната станица во Скопје, објави Ѓорѓиевски

Почнува трката за сместување во студентските домови – слободни 3500 места

Алфа неофицијално дознава: Фекалии во водата која ја пиеле гостиварци, од ИЈЗ не потврдуваат поради Обвинителството

ИЈЗ ги заврши анализите, резултатите сега се кај обвинителите: Фекалии пронајдени во водата во Гостивар?!

Продолжена кризната состојба за нафтените деривати до 20-ти октомври

Прилози

Крај на дипломатскиот молк и сервилноста кон странските претставници во Македонија

Сервилноста на македонските дипломати е минато, добро е што конечно гледаме раздвижување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сервилноста на македонските дипломати е минато, добро е што конечно гледаме раздвижување и реакција од нашата дипломатија, кога се во прашање обидите за влијанија од странски дипломати на внатрешно политичките состојби во Македонија. По јавните реакции на албанскиот амбасадор во Македонија, Денион Мејдани, кој ги поддржа студентите што протестираат за полагање на правосуден испит на албански јазик, познавачите велат дека однесувањето на албанскиот амбасадор е апсолутно неприфатливо и мора да има соодветна реакција од надлежните.

„Не е прв пат албанскиот амбасадор во македонија да се меша во нашите внатрешни работи на еден безобразен, крајно безобразен начин. Реакција е добро што има меѓутоа за ваков однос, за ваков инцидент, тоа се оди дури и на откажување на, протерување на албанскиот амбасадор.“ – вели Ристо Никовски, поранешен амбасадор.

Понизноста на македонската дипломатија го достигна врвот со владите на СДСМ и ДУИ, кои доброволно прифатија Македонија да стане жртва на бугарските уцени и условувања на европскиот пат. Прво, со потпишнувањето на договорот за добрососедство, па со прифаќањето на двата протоколи, се до францускиот предлог, кој беше усвоен и покрај силното противење, на тогаш опозициската вмро-дпмне.. Со овие неразумни чекори, Бугарија сега не блокира за старт на преговорите со Унијата. Никовски вели дека поради таквата политика од минатото, Македонија се уште не може да се извлече од бугарските уцени и условувања.

Реклама

Ние сеуште сме соочени со целокупен диктат да го менуваме за устоавот што е надвор од умот а не превземаме акција за тоа да се промени. Ние имаме потпишано обврски кои или треба да ги откажеме или треба да ги исполниме.“- вели Никовски.

Демаршот од МНР следи по реакцијата на социјалните мрежи на албанскиот амбасадор, по информациите дека албански студенти биле задржувани и заплашувани додека патувале кон Македонија за да дадат поддршка на протестите за полагање на правосудниот испит на албански јазик. Во демаршот се вели дека потребно е јавните настапи и изјави да бидат во духот на пријателските односи и меѓусебното почитување меѓу двете земји, како и согласно вообичаените дипломатски стандарди и практики.