Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

🎥 Ковачки: СДСМ и нивната непромислена политика на веднење кичма ја донесе Македонија до степен на негација од Бугарија

СДСМ и нивната непромислена политика на виткање кичма ја донесе Македонија до…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ и нивната непромислена политика на виткање кичма ја донесе Македонија до степен на негација од страна на Бугарија, рече на денешната прес-конференција пратеникот Драган Ковачки.

Работи на кои претходно бугарската политика гледала како на невозможни, затоа што се во корен неразумни и неморални за Заев и Филипче се пракса во нивното делување. Политиката на Пендаровски, Заев и Филипче и донесе на Македонија бришење на македонскиот јазик и идентитет од Извештајот на ЕП. Сега се гледаат штетите кои СДСМ ги направи врз државата во целиот свој спектар. Дотолку повеќе се гледа колку државата ќе беше дополнително заглавена, доколку ВМРО-ДПМНЕ не се спротиставеше во корен на штетните политики на СДСМ. Бришењето на јазикот и идентитетот од Извештајот на ЕП се доказ дека на Бугарија никогаш не и било до Бугари во Устав. Сосема спротивно, тоа е само алатка за целосна негација на државата. ВМРО-ДПМНЕ упатува порака, дека нема да се помрдне ниту милиметар без да имаме почитување од страна на Бугарија, и гаранции од европските институции, истакна Ковачки.

Ова е злоупотреба на ЕУ од страна на Бугарија, и киднапирање на целиот процес, додаде Ковачки.