Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Ковачки: Ние сме Македонци, тоа не е политичка определба, тоа е нашиот корен, нашиот јазик, нашата култура, нашата Црква и нашата историја

Ние сме Македонци, тоа не е политичка определба, тоа е нашиот корен,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ние сме Македонци, тоа не е политичка определба, тоа е нашиот корен, нашиот јазик, нашата култура, нашата Црква и нашата историја, истакна Драган Ковачки, пратеник и генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ, на денешната Семакедонска средба во битолско Трново.

На традиционалниот собир на македонците од земјава, соседните држави и странство, Ковачки посочи дека ВМРО ДПМНЕ ќе остане партија на македонскиот идентитет.

-И денес продолжува битката за вистината, за достоинството и за идентитетот. Таа се добива со знаење, со единство, со чесност и со силна држава. Нашата обврска е да изградиме Македонија во која младите ќе остануваат, во која ќе владеат правдата, редот и достоинството. Тоа е современиот Илинден. ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш била и ќе остане партија на македонскиот идентитет. Не партија на моментот, туку партија на континуитетот. Ние не ги менуваме убедувањата според ветровите што дуваат однадвор. Ние стоиме и постоиме за тоа што нашите предци го платија со крв, за правото на Македонците да одлучуваат сами за себе – истакна Ковачки.

Реклама

Во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во потпелистерското село Трново, Ковачки посочи дека за да Македонија биде силна, мора да постои единство.

-Денеска, кога светот влегува во немирни води, кога безбедноста, идентитетот и сувереноста повторно стануваат прашања од животно значење, Македонија мора да биде силна внатре за да биде почитувана надвор. А за да биде силна Македонија, мора да постои единство. Кога сме биле единствени, сме опстојувале. Кога сме биле поделени, сме плаќале висока цена. Да не дозволиме поделбите да бидат посилни од Македонија. Нашите предци ни ја предадоа Македонија како завет. Не како подарок. А заветот се чува со работа, со дела и со верба дека македонскиот народ има иднина токму затоа што има минато. Денеска тука, во Трново, рече Ковачки, сме собрани да ја потврдиме единствената вистина што опстојува повеќе од еден век. Дека Македонија живее.

Како покровител на традиционалната Семакедонска иселеничка средба во Трново, градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски истакна дека нема подобро нешто од родниот крај кој подава рака и го отвора своето срце за враќање дома.

-Културата, традицијата, меѓусебното почитување и зајакнување на нашите врски и корени за соработка и разбирање не прават уште посилни и исправени пред предизвиците на денешницата, рече меѓудругото градоначалникот Коњановски.

Организаторот на традиционалниот сенароден собир во Трново, Матицата на иселениците од Македонија годинава одбележува 75 години од основањето, потсети претседателот Иван Џо Петревски.

-Повторно се собираме обединети од љубовта кон Македонија, од почитта кон нашите претци и одговорноста кон нашите идни генерации. Илинден не е само датум во календарот, Илинден е симбол на вековната борба на македонскиот народ за слобода, правда и сопствена држава. Илинден е аманет од илинденците од Крушево и од државотворците на АСНОМ, кои ни оставија завет да ја чуваме Македонија, истакна Џо Петревски.

Спред востановената традиција, учесниците на денешната Семакедонска средба ја посетија црквата „Успение на Пресвета Богородица“ каде богослужеше митрополитот г. Петар, а на празничната сцена беше приредена богата културно уметничкја програма.