Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Ковачки: Илинден е пример за брз раст и развој, општината ќе добие и полициска станица од општа надлежноств

Илинден заслужува да се гради, Илинден е пример за брз раст и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Илинден заслужува да се гради, Илинден е пример за брз раст и развој, рече членот на Извршниот комитет Драган Ковачки пред присутните на митингот во општина Илинден, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.  

Ковачки порача дека во Илинден локалната власт е со населението, и тоа насекаде во маалата, во селата, во училиштата.

„За големи работи потребно е партнерство, визија, лидерство и токму такво лидерство има Илинден во актуелниот и идниот градоначалник Александар Георгиевски. Илинден се менува под негово водство, општината покрај тековни работи кои се изведуваат ќе добие и полициска станица од општа надлежност и тоа на инсистирање на граѓаните“, кажа Ковачки.

Реклама

Ковачки укажа дека Илинден е модерен дом за сите и додаде дека тоа е така бидејќи зад него се граѓаните од една страна, а од друга страна Владата. 

„Александар ве има вас, а тој ја има поддршката од Владата и премиерот Христијан Мицкоски. Ова е Влада што верува во вистински развој и Влада што знае дека вистинскиот развој почнува од локалната самоуправа. До пред нешто повеќе од година дена имаше влада која кочеше, која стопираше, а денес е сосема поинаку ова е Влада која е партнер на граѓаните, на локалната самоуправа“, посочи Ковачки. 

На крајот од своето обраќање Ковачки апелираше за масовна излезност на 19 октомври  и гласање за број 9.