Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Ковачки: Достоинствена почит, но и предупредување за злоупотреби

Денес, како народ, како држава, како луѓе, стоиме исправени пред една од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес, како народ, како држава, како луѓе, стоиме исправени пред една од најголемите трагедии што ја погодиле Македонија во поновата историја. Болката е огромна, раните се свежи, а нашата примарна обврска е да покажеме почит кон жртвите и да дадеме поддршка на нивните семејства, истакна Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Во овие денови на тага, сведоци сме на силен граѓански порив за оддавање почит и изразување на револт. Ги охрабруваме сите граѓани да се соберат и да изразат солидарност, да го споделат своето чувство на загуба, но и да постават прашања за одговорноста – нешто што и ние самите го чувствуваме и за што искрено се бориме.

Во вакви тешки моменти, најважно е да останеме обединети во достоинството и во почитта кон жртвите. Истовремено, чувствуваме и одговорност да предупредиме дека постојат поединци и одредени структури кои сакаат оваа трагедија да ја искористат за други цели.

Реклама

Важно е да нагласиме дека ова не е политичко прашање, ниту е насочено кон било која партија. Говориме за поединци кои, се обидуваат да ја искористат оваа ситуација. Сепак, веруваме дека мнозинството граѓани и политички субјекти имаат чесен пристап и искрена намера да сочувствуваат со болката што ја делиме сите ние, потенцира Ковачки и додава-

„Ја даваме оваа изјава со најголема одговорност, водени од грижата за нашето општество, а не од желба за поделби. Народот доволно пати од кризи и од несреќи, затоа мора да бидеме внимателни и да се погрижиме фокусот да остане на вистинските приоритети – поддршка на жртвите, расветлување на сите околности и преземање мерки за никогаш повеќе да не ни се повтори ваква трагедија.

Без никакви компромиси, институциите мора да ја вршат својата работа, со целосна одговорност и почит кон законот. Ако после ваква трагедија не се случи темелно преиспитување на начинот на функционирање на системот, тогаш како држава ќе изгубиме многу повеќе.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека како демонстрирање на одговорно однесување во вакви суштински моменти е императив за сите функционери во државата. Тие имаат обврска да покажат дека политиката може да функционира поинаку – со почит, со чесност и со вистински вредности во секоја ситуација.

Функционерите имаат обврска да бидат пример за одговорност во периодот што следува, да покажат дека чесноста и вистинските вредности можат да направат разлика во македонската политика.

Повторно нагласуваме: го поддржуваме и го охрабруваме секој граѓанин да излезе и да ја изрази својата почит и својот став. Важно е да бидеме заедно во овие моменти, но уште поважно е да внимаваме. Ова не смее да биде момент за лични или политички калкулации, туку момент кога ќе останеме на страната на вистината, на правдата и на човечката солидарност.

Наш приоритет е вистината, правдата и сплотеноста на народот. Македонија мора да покаже достоинство во овие моменти и да остане на страната на оние што вистински тагуваат и бараат одговорност, а не на оние што размислуваат само за себе.

Не се сомневаме дека некои поединци поврзани со опозициските структури ќе продолжат со тие луркативни игри. Но ние не се занимаваме со нив туку со борбата во која мора да победат луѓето против нелуѓето.

Системот не е апстрактен поим, тоа е чудовиште создадено со луѓе со име и презиме и ние ги охрабруваме институциите да се борат без милост. Затоа што после ова ако ова сега не успее сега, нема да ни ја биде државата. Македонија мора да победи. Чесните и доблесни луѓе мора да победат“.