Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Костовски: Во тек е санација на оштетувањата на коритото на реката Серава предизвикани од невремето

Во тек е санација на оштетувањата предизвикани од невремето на коритото на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во тек е санација на оштетувањата предизвикани од невремето на коритото на река Серава, информираше градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.

Преку објава на својот Фејсбук профил, Костовски посочува дека издаден е налог за работа и од вчера активно се работи на санирање на оштетувањата на коритото на реката. По големото невреме, вели, биле забележани оштетувања на одредени делови од коритото, по што била формирана комисија која ги констатирала состојбите.

– Активирана е гаранцијата за проектот за уредување на коритото на река Серава, а во тек е санација на оштетувањата предизвикани од невремето. Издадов налог за работа, а веќе од вчера активно се работи на санирање на сите оштетувања на коритото на река Серава – наведува Костовски.

Реклама

Проектот „Река Серава“, вели, е еден од неговите најзначајни проекти и нема да дозволи неквалитетна изведба.

– Ова е проект кој 40 години беше ветуван на граѓаните на општина Бутел, а денес е реалност и во целост завршен. Затоа нема да дозволам неквалитетна изведба и согласно договор сѐ ќе биде санирано … Проектот „Река Серава“ е еден од најзначајните мои проекти и заради тоа нема да дозволам никаква неквалитетна изведба поврзана со овој проект. Поради големото невреме, забележавме големи оштетувања на одредени делови на коритото и токму заради тоа веднаш формирав комисија која што констатираше одредени оштетувања на коритото на река Серава – посочува Костовски.

Проектот, додава, опфаќа изградба на речно корито во должина од 1.800 метри, трим-патека и поставување нова урбана опрема, а во рамки на уредувањето е изграден и парк со површина од 5.000 квадратни метри.

– Заедно го менуваме ликот на општина Бутел, заедно спортуваме и рекреираме на овој кеј – порачува Костовски.