Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Костовски од ВМРО-ДПМНЕ: За кластерот Геријатрија Скопје мора да има истрага и одговорност

Додека триото Филипче, Спасовски, Заев прогласија победа во борбата против епидемијата со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Додека триото Филипче, Спасовски, Заев прогласија победа во борбата против епидемијата со КОВИД-19, во Геријатрија Скопје има нов кластер меѓу најранливата категорија на граѓани. Станува збор за дваесеттина лица заболени во оваа установа, реагира Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ако е вистина, како што велат од Геријатрија Скопје, дека веднаш постапиле согласно протоколите за изолирање на болните од останатите пациенти, и дека воедно била спроведена епидемиолошка анкета на вработените, како тогаш се случи од две заболени лица бројката да порасне на скоро дваесеттина. Колку за илустрација, во април во екот на короната во соседна Србија во првиот момент кога се дијагностицираше поголем број на заразени со корона во Геријатрискиот дом во Ниш, веднаш реагираше владиниот кризен штаб и ја утврди причината. Министерството за внатрешни го уапси директорот поради основан сомнеж дека извршил тешко казнено дело против здравјето на луѓето во врска со пренесувањето на заразна болест, истакна тој.

Костовски порача дека ако Геријатрија Скопје, веднаш постапеше според протоколите ситуацијата ќе беше поинаква.

Реклама

-Во меѓувреме, министерот за здравство, Филипче вели корона вирусот нема граници кога е во прашање возраста, да во право е, а тоа веќе и се покажа на дело. Во Геријатрија Скопје за неколку дена има скоро дваесеттина заболени.  Ова е прашање за истрага, но и за одговорност. Веќе вчера требаше да има истрага и резултати од истата. Но, владата веќе неколку дена се обидува да го заташка случајот. Со ова само се потврдува дека победата прогласена од владата на СДСМ врз корона вирусот е лажна, порача Костовски.